за

Chevrolet без волан и педали пристига во 2019 година

chevrolet cruise av

По повеќе од една година откако ги произведе првите возила заради тестирање на технологијата на автономно возење, General Motors сега го најавува стартот на сериското производство на Chevrolet Cruise AV.

Chevrolet Cruise AV ќе стартува со продажба во 2019 година, како прв автомобил од концернот General Motors што од старт е развиван како автономно возило. Возач, волан, педали и рачни команди се непотребни.

General Motors инвестира над 100 милиони долари во фабриките во Орион и Браунстаун, кои ќе бидат главни во производството на овој модел. Кровните модули со радари, камери и сензори веќе се произведуваат во Браунстаун, в година следи и стартот на Cruise AV.

Chevrolet Cruise AV на иста производствена лента со Bolt EV

Почнувајќи од ланскиот јануари, во фабриката во Орион се произведоа три генерации прототипи на Cruise за тестирање на автономната технологија во услови на реален сообраќај, вклучувајќи и тестирање во централното подрачје на Сан Франциско. Од трите генерации се произведоа повеќе од 200 возила. Во Орион моментно се произведуваат електричниот компакт Chevrolet Bolt EV и Sonic. Не е мајсторија да се погоди дека Cruise AV ќе поседува електричен погон.

Индија забранува возила со автономна технологија

Овој сообраќаен знак го читаат автономните возила

X-Matik го претвора секој автомобил во роботски автомобил

Шведски фамилии ги тестираат роботските автомобили на Volvo

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

toyota vodoroden viluskar

Водородни вилушкари во фабриките на Toyota

електрични автобуси франција flixbus

Електрични автобуси на релација од Париз до Амиен