за

Овој камионет на Chevrolet не минува со лесно

Chevrolet Colorado ZR2 Bison

Тешките услови за возење се вистинската средина за овој Chevrolet Colorado со дополнителни пет сантиметри од подлогата, со водилки од кован челик – и со 2,8 литарски дизел

Chevrolet разви специјална изведба на својот популарен пикап Colorado, којашто официјално се води како изведба со подобрени перформанси. Тоа во овој случај секако дека не значи подобро забрзување и возни својства како за на тркачка патека.

Chevrolet Colorado ZR2 Bison е развиен во соработка со фирмата што е специјализирана за експедициски возила AEV. Во споредба со моделот Z71 кој служи како основа, Colorado ZR2 Bison има 50 милиметри повеќе растојание од подлогата. Покрај тоа се вградуваат амортизери Multimatic-DSSV и електронска симулација на блокада на диференцијал на предната и задната оска. Попречните водилки се од кован челик. За погон е задолжен 2,8-литарски турбодизел со 186 КС и 500 њутнметри.

Chevrolet Colorado ZR2 Bison 2

Подот е обложен со вкупно пет заштитни плочи, а предниот и задниот дел имаат дополнителна челична заштита. Colorado ZR2 Bison стои на алу-бандажи 17х8 и како знак на распознавање го носи логото AEV и внатре и надвор. Пикапот за екстремни услови на терен може да се нарача во обична изведба со двојна кабина или во верзија со продолжена кабина. Продажбата стартува во јануари 2019, моделот е достапен исклучиво за САД и Канада.

[FAG id=34884]

Mercedes X-Class: Пикап за благородници што ‘рмбачат

Тие се како Golf и Caddy за Американците

Тие се како Golf и Caddy за Американците

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Sono Motors Sion

Како двајца визионери добија 7.000 нарачки за електро-соларниот автомобил

Vinfast premieri Pariz 6

Виетнам станува производител на автомобили