за

Chevrolet Camaro Cabrio: Мускулест автомобил за парадирање по улица

Тој што обожува да парадира наоколу со сонорно мрморење на V8 со 440 КС, сигурно ќе сака и самиот да се покаже пред светот. Тоа не е проблем, затоа Chevrolet сега ја нуди кабриолет изведбата од Camaro.

Новиот Chevrolet Camaro од следната година ќе биде достапен и во кабриолет изведба. Отворената верзија на мускулестиот автомобил исто така профитира од скрутената и во исто време олеснета структура на каросеријата, губејќи 90 килограми во тежина. Основниот мотор е крајно нетипично американски, со четири цилиндри, зафатнина од два литри и турбонатполнење, но затоа може да се биде спокоен околу моќноста од 279 КС. Повеќе личи најсилната верзија, Camaro SS, каде што работи 6,2-литарски мотор V8, вградуван во Corvette Stingray. Овој мотор ослободува 440 КС и вртежен момент од 610 њутнметри. Средината од понудата ја пополнува нов 3,6-литарски V6 со 330 КС. Освен со стандардниот мануелен менувач со шест степени, Camaro Cabrio може да се избере и со автоматски менувач со осум степени.

По желба платнен покрив во иста боја со каросеријата

Во внатрешноста на новиот Camaro се користат многу поквалитетни материјали отколку кај претходникот, а доста се свежи и користените технологии. Покривот што се движи со електромотор и има дебела звучна и термоизолација, може да се отвора и затвора до брзина од 50 километрина час. Интересна е опцијата платнениот покрив да се комбинира во боја на каросеријата, така што Camaro Cabrio со затворен покрив изгледа речиси идентично со купето.

Продажбата во САД стартува во почетокот на следната година. Цените уште не се објавени, исто како и деталните технички податоци и опремата. Chevrolet Camaro и Corvette се достапни само на десетина поголеми пазари во Европа, околу почетокот на продажбата се наведува дека тој ќе се случи во првата половина од 2016 година, со цена на основната изведба од околу 40.000 евра за купето, односно пет илјади евра повеќе за кабриолетот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Aston Martin Vulcan со 800 КС првпат пред публика во Гудвуд

Јубилеј на Mercedes E-Class: 13 милиони од најпродаваниот автомобил со ѕвезда