за

Кинескиот Chery се враќа во Европа во 2020 година

chery exeed LX auto china

Chery не е првата кинеска марка што се обидува да се пробие на европскиот пазар. Но, за разлика од претходните обиди, овојпат се настапува со многу подобри автомобили и со големо искуство во електричниот погон.

Кинескиот производител Chery пред една година ги претстави Exeed TX и студијата на теренец Tiggo на салонот во Франкфурт. Тогаш малкумина ги сватија Кинезите сериозно, кога најавија освојување на европскиот пазар. Сега нема многу простор за сомневање во нивните планови, затоа што Chery стартуваше со изградба на дизајнерски центар во Раунхајм, во близина на Франкфурт.

Chery веќе е голем производител на автомобили, но Европа уште не го знае тоа. Марката е успешна на кинескиот пазар и постигнува значаен удел на пазарите во Русија, Индија и Јужна Америка, каде што пласира околу 300.000 автомобили годишно. За Chery конечно да стане светска марка, потребно е да ги убеди уште купувачите во Европа и во САД.

Стратезите на марката планираат да ги привлечат европските купувачи со премиум марката на Chery, којашто се води под името Exeed и од 2020 година ќе се продава и во Европа. Поимот „премиум“, повеќе се однесува на споредбата на Exeed со моделите од матичната марка Chery, отколку што се мисли на Мercedes или Audi. Марките што Кинезите ги имаат на нишан со нивната нова марка се Peugeot, Opel и Toyota. Секако дека менаџерите очекуваат и ефект во спротивната насока, односно се надеваат дека евентуалниот успех во Европа полесно ќе ги убеди купувачите во Кина.

Chery нема проблеми да се истакне со дизајнот, во тимот е Кевин Рајс, поранешен дизајнер на BMW

Chery сака да се издвои во подрачјето на вмрежувањето и примената на вештачката ингелигенција, и планира технологиите од највисоките класи да ги понуди во автомобили што се достапни за широк круг купувачи. Менаџерите на кинеската марка, кои во најголем дел доаѓаат од европските производители на автомобили, ценат дека ќе ги освојат возачите кои имаат потреба или желба нивниот автомобил да биде постојано поврзан на интернет. Кога на овие купувачи ќе им се понуди автомобил според нивните желби, марката на автомобилот повеќе нема да биде толку важна.

Posted by Chery International on Wednesday, April 25, 2018

На домашниот пазар, Chery соработува со моќни компании, вклучувајќи го Baidu. Со кинескиот пандан на гугл се работи на препознавање на ликот на корисникот и на користење на мобилни услуги. Идејата е возачот да го потврди плаќањето на одредена услуга само преку клатење со глава. На тој начин ќе се плаќа паркирањето, но и сложени услуги, како испорака на купената стока до домот. Со вештачката интелигенција ќе се комуницира вербално, без потреба од излегување од возилото.

Електричниот погон сепак ќе биде главниот аргумент во настачпот пред европските купувачи. Во почетокот се планираат по еден малечок и компактен СУВ модел со погон само на струја, а потоа понудата ќе се збогатува и со плагин-хибриди.

Chery ќе го раководи нападот на европскиот пазар од Германија

Топ 10 најпродавани автомобилски марки во светот

Кина укинува 553 модели поради превисока потрошувачка

Jaguar XEL со продолжена каросерија само за Кина

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda Fabia 10 TSI Ambition test

Тест: Skoda Fabia 1.0 TSI Ambition

volvo xc40 avtomobil godina japonija

Јапонија го избра Volvo XC40 за најдобар автомобил на годината