165
23 shares, 165 points

Кинеската марка Chery се подготвува за стартот на моделот Exeed на европскиот пазар по 2020 година. Постои веројатност дека моделот ќе ја стартува тукашната кариера во електрична верзија

Најголемиот извозник на автомобили од Кина, Chery, ги спроведува најавите од ланскиот салон во Франкфурт. Кинеската марка ќе ја раководи својата експанзија на европскиот пазар од централата во Германија. Компанијата именувана Chery Europe GmbH ќе започне во работа во јануари, во седиште во градот Раухнајм, во непосредна близина на Франкфурт. На истата локација ќе се организираат развоен и дизајнерски центар.

До крајот на следната година, центарот за истражување и развој треба да вработува меѓу 30 и 50 лица. Раководител на центарот е Јохен Титинг, кој има работено 13 години во Ford, пред преоѓањето во Chery кон крајот на 2013 година. Раунхајм ќе ги вдоми и одделенијата за маркетинг и дистрибуција.

Chery сака да биде дел од електро револуцијата на европскиот пазар по 2020 година

Кинеската марка се подготвува за пазарното воведување на моделското семејство Exeed по 2020 година. Chery се концентрира во електричниот погон. Според претседателот Тонгјуе Јин, голема е веројатноста дека електричната верзија на Exeed ќе пристигне како прв модел на Chery што е наменет за европскиот пазар.

Chery TX centar Germanija 1

Околу 30 проценти од извозот на автомобили од Кина отпаѓа на марката Chery. Во првите осум месеци од годинава, компанијата продала 462.000 автомобили, што е за 13 проценти повеќе отколку лани. Од нив се извезени оклу 108.000 возила. Надвор од Кина досега се продадени над 1,5 милион автомобили со знакот на Chery.

На Англичаните не им пречи тоа што MG доаѓа од Кина

Кинезите бараат и приколки за кампување

Great Wall ќе создава продажна мрежа низ цела Македонија

Топ 10 најпродавани автомобилски марки во светот


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

165
23 shares, 165 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743