150
20 shares, 150 points

CF Moto го претстави топ-моделот U-Force 1000. Овој вид возила спаѓа во категоријата на UTV, односно Utility Terrain Vehicles или работно теренско возило, и располага со педали и волан, исто како автомобил.

Погонската спрега и техничкиот концепт сепак се сродни со теренски квадрицикл. Моторот е V2 со моќност од 79 КС и вртежен момент од 82 њутнметри. Безстепениот менувач поседува степен за наназад и теренска редукција. Рачно се вклучува погон на сите тркала и блокада на диференцијал. Тоа е веќе солиден технички арсенал за справување со теренски предизвици, особено кога се превезува товар. Во прилог на практичната страна оди „кипувањето“ на товарната површина.

Цената на европските пазари почнува од околу 15.000 евра. CF Moto има и богата понуда од прибор и додатоци, од типот на цврсти врати, стакла и целосна кабина.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

150
20 shares, 150 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *