122
17 shares, 122 points

Скутерот што марката Cezeta го произведуваше во тогашна Чехословачка се препознаваше по големиот преден калник кој беше интегриран во рамката и беше мошне практичен при носење товар. Неговата современа изведба со електричен погон е хит за изнајмување преку викенд во Прага.

Прочуениот скутер од периодот меѓу 1957 и 1964 година сега се враќа на сцената, благодарение на еден Британец што во почетокот на 1990-те години се доселил во Чешка. И како што тоа е толку нормално денес, скутерот поседува електричен погон.

Новата Cezeta со ознака 506 се нуди во две изведби, послаба со 11 КС, крајна брзина од 85 km/h и досег до 100 килиметри, и посилна изведба со 15 КС, 120 КС и 50 километри подолг досег.

Cezeta моментно е хит како скутер за изнајмување во Прага и освојува со носталгичниот изглед и со различниот концепт. Изнајмување за викенд, сепак чини 150 евра. Цената исто така е сосем очекувана за ретро-скутерот и малата серија: 12.000 евра за послабата и 14.000 евра за посилната изведба на Cezeta 506. Најавен е модел со подостапна цена.

Покрај двата дилери во Чешка, продажната мрежа е присутна во Швајцарија, Шпанија, Франција и Словачка.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

122
17 shares, 122 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *