164
60 shares, 164 points

Автомобилската индустрија е најзаслужна за тоа што Чешка стана економија за пример во Источна Европа. Во земјата има повеќе слободни работни места, отколку што има невработени. Но, ситуацијата околу недостигот од работници носи и голема опасност

Во Чешка има повеќе слободни работни места отколку што има пријавени лица во бирото за вработување. Повеќе од 20 години не било толку лесно да се најде работа во земјата. Во државната каса има мал, но неочекуван прилив. Чешка може да биде пример за целиот регион на Источна Европа.

Во ноември, во чешките бироа за вработување биле пријавени 215.000 лица, што е најниско ниво по јуни 1997 година. Наспроти тоа, во земјата постоеле 323.000 слободни работни места. Според последната статистика, стапката на невработеност во Чешка изнесува 1,9 процент. Тоа е најниска стапка меѓу сите земји во ЕУ.

Новиот Superb е најдобриот модел во историјата на чешката марка и актуелен врв во најголемата моделска офанзива на Skoda

Компаниите буквално се борат да ги привлечат работниците. Голем дел од фирмите им ветуваат дополнителни повластици на работниците. Спектарот на овие повластици досега од платено членство во фитнес-клуб, до фамозниот К-15 и до пакети за рекреација за целото семејство.

Автомобилската индустрија е најголем двигател на чешката економија

Покрај хемиската индустрија и ИТ-браншата, најголема заслуга за економскиот бум има токму автомобилската индустрија. Лани од производствените ленти во земјата се симнале преку 1,4 милион патнички автомобили. Тоа е нов рекорд. Освен Skoda, во Чешка произведуваат Hyundai и Toyota, како и француската групација PSA. Голем удел имаат и бројните добавувачи на автомобилските фабрики.

Но, економистите се свесни за потенцијалните опасности од ваквата ситуација. Поради недостигот од работници, фирмите мораат да одбиваат дел од работните налози. Платите растат, но продуктивноста не се зголемува пропорционално со зголемувањето на платите. Долгорочно, тоа води кон намалување на конкурентноста на фабриките. Странските инвеститори веќе ги чувствуваат последиците.

Месечната бруто плата во Чешка според државниот завод за статистика изнесува 1.230 евра

За пополнување на работните места со пониски квалификации, државата привлекува работна сила од Украина, Монголија, па дури и од Филипините. Прага годишно издава до 12.000 работни визи во забрзана постапка. „Гастарбајтерите“ од Источна Европа и Азија се добредојдени, но тоа не важи и за бегалците, на пример од Сирија.

Чешката економија е многу зависна од Германија, како нејзин најголем трговски партнер. Доколку германската економија годинава забележи пониска стапка на раст, тоа директно ќе влијае врз Чешка. Не е случајна германската поговорка: „Ако Германија кивне, Чешка ќе добие настинка.“

Кој вели Skoda е (само) чешка марка?

Уште еден нов модел од Чешка: Дали Skoda е новиот Volkswagen?

Чесите се противат Skoda Superb да се пресели во Германија

Шкодо, постои ли нешто што не си произведувала?

Тест: Skoda Fabia 1.0 TSI Ambition


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

164
60 shares, 164 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format