за

Cayman и Boxster стануваат Porsche 718

Наследниците на Boxster и Cayman ќе ја носат ознаката 718

Новата генерација на швапското дуо Cayman и Boxster ќе ги замени имињата со ознаката 718. Проектот на „евтиниот“ Porsche се напушта, затоа има ново позиционирање на дуото.

Шефот за развој Волфганг Хац, неодамна потврди дека Porsche го напушта проектот за „евтиниот“ модел којшто требаше да биде позициониран под купето Cayman и родстерот Boxster. Овој модел требаше да ја носи ознаката „718“. Сега постои голема веројатност дека ознаката ќе се користи за новата генерација на дуото што досега го препознававме како Boxster и Cayman.

Родстерот и купето ќе се појават во ново светло кон крајот на 2015 година, најверојатно со претходна премиера во септември, на салонот во Франкфурт. Новитет е тоа што идните купе и родстер со ознака 718 ќе бидат поевтини од актуелното дуо Cayman и Boxster. За тоа во голема мера ќе придонесе новиот четирицилиндарски боксер, сосема веројатно со турбонатполнење во сите понудени верзии на моќност.

Ознаката 718 и не е толку нова во Porsche. Во 1950-те години, тркачкиот модел на Porsche со оваа ознака постигна победи на неколку тркачки патеки.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault Duster Team очекува топ 10 пласман на релито Дакар

Lada повеќе не е број 1 во Русија