за

Фабриките не работат, но може сами да составите Caterham

Caterham Super Seven 1600
Caterham Super Seven 1600

Caterham е една од малите британски работилници која никогаш не излегува со вести дали ја зголемила продажбата, дали вградува дисплеи од 10 инчи или слично. Таму се работи за чисто возачко уживање, на тој концепт не му треба дотерување. Во овие времиња звучи уште попривлечно можноста за самостојно да се состави автомобилот. Но, пак не е евтино.

Кога Caterham ќе објави дека има нов ретро модел во понудата, повеќето може да не го забележат тоа, затоа што автомобилите од оваа марка веќе се ретро. Но, малата и фина сцена што се движи околу оваа марка, на тоа реагира со одушевување. „Ретро“ во случајот на новиот Super Seven 1600 значи дека неколку детали се во стилот на моделите на Caterham од 1970-те. Претходните лимитирани серии со ретро-предзнак се продадоа за миг.

Дополнителна привлечност кај британската марка е тоа што ентузијастите можат да побараат автомобилот да им се испорача во делови. Секако дека не е цел да се заштеди, затоа што со „китот“ се заштедуваат 2.395 фунти или 2.750 евра, туку целта е повеќе да се ужива во составувањето на сопствениот автомобил. Општо за штедење, пак, не може да стане збор, затоа што со цената на китот од 33.495 фунти (са. 38.500 евра) има повеќе од голем избор од големосериски автомобили.

Стилот е по пример на оригиналниот Super Seven и првите модели на Caterham. Тоа се забележува, на пример, во предните крила, во ретро бандажите од 14 инчи, во резервното тркало и држачот за багаж назад. Боите на „каросеријата“ исто така се во ретро-стил. Воланот е дрвен, кожените седишта се скроени традиционално.

Бидејќи механиката ја сочинува „душата“ на Super Seven 1600, ретро-елементи има и таму. Тоа важи за DCOE-вшмукувачката гранка, којашто е заслужна за препознатливиот звук на моторот.

Технички податоци · Caterham Super Seven 1600

Мотор

1.6 Ford Sigma, четири цилиндри, атмосферски

Пренос

5-степен мануелен менувач

Димензии

3.180 х 1.575 х 1.090 mm

Моќност

136 КС @ 6,800 /min

Вртежен момент

165 Nm @ 4,100 /min

Тежина

565 kg

Перформанси

0-60 mph (96 km/h) за 5,0 секунди

Тежински сооднос

250 bhp-per-tonne

Крајна брзина

196 km/h

Тркала

14” со класичен дизајн, алуминиум

Гуми

Avon ZT7

Сопирачки

Полни дискови со двоклипни клешти

Управување

Запчесста летва, 1,93 кругови меѓу крајни положби

Caterham Seven: 30.000 евра за пет секунди од 0-100 km/h

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen единствен авто-производител што поседува бродови

Volkswagen е единствен авто-производител што поседува бродови

Tesla објави видео од фабриката во Шангај