152
20 shares, 152 points

Швајцарскиот сервис за краткотрајно изнајмување автомобил Catch a Car воведе и погон на струја во својот возен парк. Во соработка со градот Базел и со енергетската компанија IWB, младата фирма продолжува кон остварувањето на целта, градот во блиска иднина да го ослободи од бучавата и штетните гасови од возилата со конвенционален погон.

Catch a Car планира 20 проценти од возниот парк во Базел да го префрли на струја до следната есен. Двата партнери во префрлувањето на погонот на струја ќе се погрижат за поставување полначи за струја на јавните паркиралишта, што е еден од главните предуслови за електричните возила.

Огромен е интересот за таканаречениот car-sharing, швајцарскиот Catch a Car веќе има 10.000 корисници; Car2go има преку три милиони

На постоечкиот возен парк од 120 автомобили со конвенционален погон им се придружуваат 30 електрични автомобили, со што возниот парк се зголеми на 150 возила. Бројот на возила логично расте поради зголемениот интерес за возилата што Catch a Car ги нуди за изнајмување, во времетраење колку што му е потребно на корисникот. Пред само неколку денови, компанијата го регистрираше својот десетилјадити корисник.

Освен во Базел, Catch a Car ги нуди своите услуги и во Женева. Корисниците преку апликација наоѓаат каде е најблискиот слободен автомобил, го отклучуваат возилото преку истата апликација, го користат колку што е потребно и на крајот го оставаат на кое било јавно паркиралиште во градот. Инвеститори се осигурителната компанија Allianz, автомобилската компанија AMAG (увозник на Volkswagen), додека стратешки партнери се EnergieSchweiz и швајцарската железница.

Ова се 20-те светски метрополи на електрични автомобили

Повеќе од три милиони луѓе низ светот користат Car2go

На секоја 1,4 секунда низ светот се изнајмува по еден Car2Go

Во овој клуб на Менхетен сите сакаат да членуваат

Мадрид со 500 електрични возила за изнајмување

car2go во Виена со 1.400 автомобили за изнајмување од улица


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

152
20 shares, 152 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *