за

Car2go достигна 3,3 милиони корисници низ светот

car2go чикаго

Car2go ги убеди жителите на најголемите светски метрополи во предностите од краткотрајното изнајмување, место користењето на сопствениот автомобил

Компанијата којашто Daimler ја основаше со цел да понуди нов вид на превоз во градовите, во меѓувреме достигна 3,3 милиони корисници. Car2go штотуку започна со работа во десеттиот град во Северна Америка. На жителите на Чикаго им стојат на располагање 400 примероци од Smart Fortwo и неколку модели на Mercedes.

Бројот на корисници на Car2go во светот постигна раст од десет проценти во првото полугодие. Во споредба со состојбата во ланскиот јуни, пак, бројот на корисници се зголемил за 25% и моментно изнесува 3,3 милиони регистрирани корисници.

Car2go од летово нуди и кабриолети во Рим

Со вкупно 14.000 возила кои стојат на располагање во најголемите светски метрополи, клиентите во првите шест месеци минале растојание од вкупно 90 милиони километри. Десет проценти од ова растојание се минати со 1.400 електрични возила. Летово за првпат се нудат и кабриоолети. Корисниците на Car2go во Рим можат да побараат еден од 20-те примероци на Smart Fortwo Cabrio.

car2go italija

Проектот стартуваше пред десет години во германскиот град Улм, во близина на Келн. Новиот вид на превоз, којшто им нуди на корисниците можност преку апликација да го пронајдат најблискиот автомобил од возниот парк на компанијата, да го отклучат со истата, да го користат и да платат за само неколку минути користење, во меѓувреме е присутен во 25 градови на три континенти.

Car2go е најпопуларен во Берлин (258.000), Чонкинг (255.000) и Хамбург со 212.000 корисници. Од почетокот на годинава, бројот на нови корисници се зголемил најмногу во Берлин, Њујорк, Ванкувер и Чонкинг.

https://youtu.be/DDLVmo3-5xs

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Три илјади нови возила за половина година во Македонија

Камион на Renault

Камион на Renault заштедува 3,5 литри на сто километри