149
23 shares, 149 points

Марката со микроавтомобилите Smart беше создадена токму со целта, во големите градови да се понуди возен парк што ќе можат да го користат сите. Системот car2go штотуку почнува да го освојува светот. Изнајмувањето автомобил на улица, само со користење мобилна апликација, убеди повеќе од три милиони корисници, од Канада до Кина.

За само 16 месеци, пионерот и светскиот лидер во системот познат како „carsharing“ привлече повеќе од еден милион нови корисници. Во системот Car2go моментно се регистрирани над три милиони клиенти, кои секојдневно го користат возниот парк од 14.000 автомобили од марките Smart и Mercedes.

Беа потребни повеќе од шест години за Car2go да го достигне првиот милион корисници. Системот за директно изнајмување автомобил на улица беше воведен за првпат во германскиот град Улм во 2008 година. Вториот милион „падна“ во септември 2016 година, третиот во јануари. Постојаното скусување на периодот за освојување на следниот милион корисници покажува дека интересот за Car2go расте рапидно.

Петпати ќе се зголеми бројот на корисници на „carsharing“ во следните неколку години

Се очекува дека „заедничкото користење“ автомобил во следните години ќе забележи петкратен раст. Неодамна и магазинот Time додели награда за мобилната апликација што се користи во системот. Апликацијата овозможува брзо пронаоѓање на најблискиот автомобил во возниот парк, пристап во возилото и наплата за користењето на услугата.

Трите милиони клиенти на car2go, кој е дел од концернот Daimler, се наоѓаат во 26 градови низ светот, на три континенти. Најголем број корисници има Европа (1,72 милион), потоа следи Северна Америка со 1,04 милион корисници. Во Кина, car2go моментно е достапен само во градот Чонгкинг. Тоа е воедно и град со најмногу корисници (237.000). На второто место е Берлин (223.000), трет е Мадрид со 196.000 корисници. Водечката десета ја комплетираат Хамбург (184.000), Милано (170.000), Рим (166.000), Ванкувер (155.000), Виена (142.000), Калгари (120.000) и Рајнланд (117.000).

Еден милион корисници на car2go во Северна Америка

На секоја 1,4 секунда низ светот се изнајмува по еден Car2Go

car2go во Виена со 1.400 автомобили за изнајмување од улица

Мадрид е 31-от град со евтината шема за изнајмување возила Car2go

car2go: Италијанците го обожуваат краткотрајното изнајмување возило

Како мини-марката smart стана милионска марка


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

149
23 shares, 149 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *