за

car2go во Виена со 1.400 автомобили за изнајмување од улица

Од почетокот на следната година во Виена ќе бидат достапни за изнајмување близу 1.400 возила на car2go. Системот наидува на фантастичен одзив: Преку апликација се бара најблискиот слободен автомобил, се отклучува и плаќа преку картичка, користењето е поевтино од такси, возилото се остава на кое било јавно паркиралиште.

Car2go го проширува возниот парк на една од своите најуспешни локации. Од почетокот на следната година во Виена ќе стојат на располагање уште 700 нови автомобили на водечкиот понудувач во светот на возила за заедничко користење. Mercedes стартуваше со car2go во Виена уште во декември 2011 година и денес во австриската престолнина има регистрирано над 113.000 корисници.

Минута изнајмување 31 центи, еден час 14,90 евра, цел ден 69,00 евра

Од вкупно 30 градови во светот каде што е достапна оваа иновативна шема на изнајмување возила, Виена е на десеттото место според прифатеноста од корисниците. Од стартот во Виена, 670-те сино-бели smart fortwo се изнајмувани над шест милиони пати. Возниот парк в година ќе се прошири со 350 возила smart fortwo од актуелната генерација, но со 250 возила Mercedes A-Class и 100 возила Mercedes CLA. Тоа значи дека корисниците отсега ќе можат да го користат возилото и за семејни излети надвор од градот, да се одвезат до аеродром со голем багаж или да го обават неделниот шопинг за домот.

https://twitter.com/car2go/status/783315886019055616

Новите модели на Mercedes во понудата на car2go од летово се достапни во повеќе германски градови, кадешто корисниците реагираа одушевено на големата разновидност на возниот парк. Моделите на A-Class и CLA во системот на car2go се опремени со автоматски менувач, автоматска клима, грејачи во седиштата, темпомат, паркинг сензори, навигација, блутут и со основните системи за асистенција.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Календар на Mercedes со автомобили што не се автомобили

Hankook го отвори Технодром – развоен центар за гуми вреден 220 милиони евра