за

Cadillac Big Meet: Собир на 130 легендарни олдтајмери во Австрија

Преку 130 историски модели на Cadillac во минатиов викенд се собраа во замокот Кремсег во Австрија. Најголемиот собир на олдтајмери на Cadillac во Европа се одржува веќе десет години.

На јубилејниот десетти собир на олдтајмери „Cadillac Big Meet“ пристигнаа историски примероци од девет европски држави. Најголем пат измина сопственик на Cadillac од Лулеа, кој возеше дури 2.660 километри од овој град на Северот на Шведска. На специјална изложба беа претставени највпечатливите модели во историјата на компанијата, почнувајќи од легендарните „опашести“ модели од 1959, коишто се најголеми во историјата на автомобилизмот, преку првиот Eldorado од 1953 и моделите од 1940-те години, до суперлуксузните примероци Eldorado Brougham од 1957 до 1960 година. Публиката и експертите гласаа за најубавите и најретките примероци на Cadillac. На најголемиот собир на Cadillac во Европа се најдоа и актуелните модели ATS, CTS и SRX.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Русите ќе го намалат производството на Lada

Maserati Ghibli ќе добие мотор со преку 560 КС