за

Cadillac се враќа во највисоката лига во 2015 година

Дизајнерската студија Elmiraj од 2013 година ќе послужи како основа за идниот Cadillac CT6

Некогашниот синоним за луксуз на четири тркала веќе четири години е без модел што ќе им парира на Audi A8 или на серијата 7 на BMW. Тоа ќе се промени од крајот на следната година со новиот CT6.

Кон крајот на 2015 година Cadillac ќе се врати во битка со Audi A8 и серијата 7 на BMW. На околу една година пред почетокот на продажбата, луксузната марка на General Motors го најави стартот на новиот знаменосец со погон на задните тркала. Лимузината од високата класа ќе ја носи моделската ознака CT6, означувајќи го стартот на новата номенклатура на Cadillac. Сите нови моделски серии на Cadillac, со исклучок на луксузниот теренец Escalade во иднина ќе имаат ознака што ќе се состои од буквите CT и бројка соодветна на позицијата на моделот во хиерархијата на марката.

Преименувањето на моделите е идеја на новиот шеф Јохан де Нисхен, којшто летоска пристигна во американската марка од јапонскиот конкурент Infiniti. Де Нисхен и таму ја спроведе терминологијата со комбинација од буквата Q и бројка според хиерархијата на моделот. По завршувањето на кариерата на моделот DTS во 2011 година Cadillac е без вистински модел од високата класа во својата понуда. Најголемата лимузина моментно е XTS со преден или со погон на сите тркала, но таа повеќе е во вишата класа, покрај BMW од серијата 5 и Mercedes E-Class.

Трефис Хестер, главен инженер во Cadillac најави: „Овој Cadillac ќе биде најлесен и најагилен автомобил во највисоката класата на луксузни лимузини.“ Тоа ќе биде постигнато со примена на лесни материјали во конструкцијата на возилото, по пример на моделите ATS и CTS. Токму успехот на последниов модел кај американските медиуми и големиот број награди што произлегоа од тестирањата на моделот претставува повод Cadillac да го користи неговото име како основа за идното означување на моделите на куќата.

CadillacElmirajConceptReveal02-medium

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo V40 Cross Country отсега и со погон на сите тркала

Прво возење на Renault Twingo: Ова малечко е сериозно забавно