за

Кинескиот BYD отвора четврта фабрика, капацитет за уште 400K електромобили

BYD фабрика Кина електрични автомобили

Специјалистот за електрични автомобили BYD гради четврта фабрика, од новите капацитети во кинескиот град Чангжу ќе излегуваат до 400.000 возила годишно.

Еден од најголемите производители на електрични автомобили во Кина, Build Your Dreams или кусо BYD, најавува изградба на четврта фабрика во својот производствен синџир, којашто ќе придонесе за значајно зголемување на капацитетите. Според јапонскиот дневник „Никеи“, производителот веќе потпишал договор за новата фабрика со градските власти на Чангжу. Вкупната инвестиција изнесува околу 1,5 милијарда долари.

BYD е меѓу најголемите производители на автомобили во Кина, покрај Geely и BAIC

Во новата фабрика ќе се произведуваат 400.000 електрични автомобили годишно. BYD уште не го објавува датумот на планираниот старт, но затоа излезе со соопштение дека ќе ја зголеми продукцијата во две постоечки фабрики. Во Шијан во иднина ќе се произведуваат по 400.000 место 100.000 автомобили годишно, а паралелно ќе се инвестира и во зголемувањето на продукцијата во Чангша, од сегашните 100.000 возила, на 300.000 возила годишно.

Пазарниот удел на BYD изнесува околу 20 проценти

Како што објавува „Никеи“, лани BYD продал околу 250.000 електрични автомобили, што значи дека постигнува удел од околу 20 проценти на кинескиот пазар на електрични возила. Освен во Кина, компанијата планира да отвори фабрики и во САД и Европа. Агенцијата „Блумберг“ претходно објави дека можни локации се Велика Британија и Германија. Покрај тоа, BYD до 2022 година ќе се појави на берзата и како независен производител на батерии за електрични возила.

Најголем производител на електрични автомобили во светот е … кинескиот BYD

Сега светот ќе ги копира кинеските автомобили

Кинескиот електромобил на Daimler минува до 500 километри

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault Trafic Master strategija

Renault поаѓа во освојување на светот со доставни возила

tesla sx3 semi modelsko semejstvo

Како да наместиш електричните автомобили да бидат валкани пред обичните