164
22 shares, 164 points

Погонот на сите тркала му помага на Bugatti Veyron да ги пренесе своите 1.200 КС на асфалтот. Тоа му пречеше на еден автомобилски фанатик од Лас Вегас, кој реши да го префрли хиперавтомобилот на погон само на задната оска

Хјустон Кроста е сопственик на компанија за изнајмување ексклузивни и скапи автомобили со седиште во Лас Вегас. Во неговиот возен парк се наоѓаат и неколку примероци од Bugatti Veyron, чиешто изнајмување за четири часови чини 15.000 долари, односно осум часови за само пет илјади долари повеќе. За таа цена, францускиот хиперавтомобил на крај се добива за цело деноноќие.

Со такви цени и со стратешко присуство во метрополата на гревот, Кроста може да си дозволи уникатни проекти. На пример, префрлување на еден од своите примероци од Bugatti Veyron на погон само назад. Производителот од Молсхајм не беше вмешан ниту на миг во трансформацијата.

Досега никој не се сетил да го префрли Bugatti на заден погон. Кроста има такви искуства само со Lamborghini Gallardo, долго пред 2009 година, кога Италијанците ја изработија специјалната серија со заден погон Gallardo LP 550-2, во чест на тест возачот Валентино Балбони.

Целиот овој смел потфат е уредно документиран со видео снимка. Кроста и неговиот соработник Џеси, кој е поранешен полицаец, прво му фрлаат око на масивниот преден диференцијал. По отстранувањето на тркалата и карбонските сопирачки следат погонските оски и лежиштата на тркалата. Според Кроста, сите автомобили имаат иста погонска механикам, па затоа не е премногу вознемирен додека работи на баснословно скапиот автомобил.

Сепак постои причина зошто Bugatti Veyron мора да користи погон на сите тркала: Но, вака е многу позабавно!

Лежиштата и сопирачките се враќаат назад, следи пробно возење. Првите оцени се дека управувањето работи многу полесно и драстично е смален кругот на вртење. Потоа е на ред вистинската проба, на паркиралиште. Bugatti црта крофни по асфалтот, а голем дел од растопената гума завршува на опашот, од кадешто висат парчиња. Преправката на Bugatti во автомобил со заден погон траеше само еден и пол ден.

Уникатот нема да се најде во возниот парк за изнајмување, но затоа ќе им стои на располагање на филмските студија, кои сигурно ќе му најдат соодветна улога на овој топач на гуми.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

164
22 shares, 164 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743