153
57 shares, 153 points

Суперлативите се неразделни од салонот во Женева. За нив обично е задолжен Bugatti. Францускиот производител годинава се погрижи сите досегашни суперлативи да изгледаат бледо, со претставувањето на „La Voiture Noire1“

Кај автомобилот што Bugatti го претстави на салонот во Женева уште по ознаката е јасно дека станува збор за уникат, за единствен примерок. Сосем е јасна и целта на овој автомобил, изработен во чест на јубилејот на марката што денес е дел од концернот Volkswagen. За својата 110-годишнина, Bugatti докажува пред светот дека сé уште ги произведува најмоќните, најлуксузните и најексклузивни хиперспортски автомобили во светот.

Според шефот Винкелман, Bugatti La Voiture Noire1 е „купе со комфор на луксузна лимузина и моќ на суперспортски автомобил

Моторот не може да биде друг, освен 16-цилиндарецот од Bugatti Chiron, со зафатнина од осум литри, моќност од 1.500 КС и вртежен момент од 1.600 њутнметри. И шест издувни цевки. Bugatti официјално не ја наведува моќноста на уникатот за швајцарскиот салон, но и нема потреба. Не менува многу доколку La Voiture Noire1 забрзува подобро или полошо од 2,4 секунди до темпо сто, или 6,1 секунди до 200 km/h и „дури“ 13,1 секунди до тристотини километри на час.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Црното возило“ е потсетување на Bugatti Typ 57 SC Atlantic, кој е сокриен уште за време на втората светска војна и се претпоставува дека моментно вреди 100 милиони евра – што значи дека би бил најскап автомобил во светот, доколку повторно се појави пред светот. Тоа е најпознатиот модел создаден од Жан Бугати. Највпечатлив белег на „Atlantic“ е работ што ги спојува двата дела од каросеријата, по целата нејзина должина, од шарките на хаубата до опашот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во споредба со историскиот уникат, цената за „La Voiture Noire” од единаесет милиони евра, без данок, претставува вистинска бадијала. Проблем за заинтересираните купувачи може да биде единствено тоа што возилото е веќе продадено. Неговиот сопственик може да биде спокоен, затоа што го поседува најскапиот нов автомобил во историјата. Цената на возилото понатаму може само да расте. Тоа е добра инвестиција.

Овој Bugatti Chiron има 2.304 мотори и постигнува 20 km/h

Bugatti Divo: Четириесет каросерии по посебна нарачка, молам

Единствениот Bugatti Veyron со погон назад кине гуми во Лас Вегас

Bugatti произведе сопирачки клешти со 3D-печатење


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

153
57 shares, 153 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *