за

Bugatti меѓу луксузните часовници: Соработка со Jacob & Co

bugatti jacob casovnici nakit

Францускиот производител на ексклузивни автомобили Bugatti денес објави соработка со компанијата Jacob & Co на саемот за часовници и накит во швајцарскиот град Базел. Ценетото име во светот на часовниците со исклучителна комплексност и воедно синџир од продавници за скапоцен накит, во иднина ќе работи на развој на производи што ќе го носат знакот на Bugatti.

Соработката започнува со серија од Twin Turbo Furious Bugatti Edition, којашто ќе се изработи во ограничен број примероци: 18 ќе бидат во карбонска изведба, 18 во розево златна боја, а во три ќе бидат вметнати дијаманти. Потоа ќе следи посебна изведба на „Bugatti Chrono Edition Limitée 110 Ans“, којашто верно на јубилејот ќе се изработи во само 110 примероци.

Рачни часовници од делови од стар Mustang

Часовник од Omologato во чест на легендарниот Џејмс Хант

TAG Heuer Connected: Паметен часовник со ретро скринсејвер

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

MAN продажба камиони

MAN со близу 100.000 продадени камиони лани

Volvo камера возач безбедност

Камера во Volvo ќе следи дали возачот внимава на патот