137
18 shares, 137 points

Кампогалијано, провинција Модена во Емилија-Ромања. Тоа се речиси свети имиња за фановите на автомобилизмот и на Bugatti. Италијанецот Романо Артиоли,кон крајот на 1980-те години, таму изгради една од најсовремените автомобилски фабрики во тоа време, за изработка на најекстремниот суперспортски автомобил – Bugatti EB110. Артиоли го произведуваше автомобилот само пет години, но историјата долго ќе го спомнува. Зградата постои и денес, и сé уште заслужува почит.

Артиоли го основаше холдингот Bugatti International во 1987 година во Луксембург, со намера да го произведува најдобриот и најбрзиот суперспортски автомобил во светот. За регрутирањето нова работна сила да биде поедноставно, тој бараше да купи земјиште во близина на седиштата на најголемите спортски марки на светов и го пронајде во Кампогалијано, во близина на Модена. Во соседството на Ferrari, Maserati, De Tomaso и Lamborghini, во следните години се градеше најмодерната мануфактура во светот, на површина од 240.000 метри квадратни. И самата градба беше предизвик.

За изгледот на седиштето на фирмата беше ангажиран архитектот Џампаоло Бенедини. Објектот требаше да служи за производство и да оддава модерен, авангарден и единствен стил, исто како возилата на Bugatti. Сината зграда на развојното одделение, со амблемот Bugatti на неа и со белите вентилациски цевки требаше да го претставува срцето на фабриката. Бенедини изведе хали со заоблени ѕидови, бојадисани во типичните бои на марката – сина и бела.

Од историската фабрика во Молсхајм, Франција, донесена е античката дрвена врата, низ којашто своевремено Еторе Бугати влегувал во своето работно место. Во приемната хала се поставени оригинални цртежи на Еторе Бугати и француски знамиња, како знак за потеклото на марката. Не смее да отсуствува и легендарниот Bugatti Type 35. Таванот во изложбениот салон личи на тркало на историскиот Type 59.

По три години изградба, фабриката е отворена на 15-ти септември 1990. Тоа не е случајно, станува збоер за 109-от роденден на Еторе Бугати. За прославата, група со 77 скапоцени возила Bugatti патува од Молсхајм до Кампогалијано.

Една година подоцна, светот повторно доживува нов модел на Bugatti по 1956 година. Тоа е суперспортскиот EB110. На 15-ти септември 1991, три примероци возат по Елисејските Полиња во Париз. EB е за Еторе Бугатти, 110 е за 110-от Geburtstag.

Сензационалниот автомобил поседува 3,5-литарски V12, со пет вентили по цилиндар, четири турбополначи, постојан погон на сите тркала, шестстепен менувач и моќност меѓу 560 и 610 КС. Монококот е изработен од карбон. Спринтот до 100 km/h трае 3,3 секунди, крајната брзина изнесува 351 km/h.

Не постои сериски автомобил со подобри перформанси. Паѓаат четири рекорди: најдобро забрзување, најбрз сериски автомобил, најбрз автомобил со погон на бензин и најбрз сериски автомобил на мраз. Но, пазарот за овој автомобил одненадеж се урива. Артиоли потоа не може да ги плаќа своите добавувачи, производството престанува. До 1995 година во Кампогалијано се изработуваат 96 примероци од EB110 GT и 32 примероци од EB110 Super Sport. Луксузната лимузина EB112 од 1993 година не го доживува почетокот на испораките. Во јули 1995 година завршува италијанската авантура на Bugatti во Кампогалијано.

Технички податоци – Bugatti EB110 GT / SS

МОТОР

3.5 литри V12, 60 вентили

НАТПОЛНЕЊЕ

Четири IHI туурбополначи

МОЌНОСТ

560 КС / 411 kW при 8,000/min (EB 110 GT)

611 КС / 450 kW при 8,250/min (EB 110 SS)

ВРТЕЖЕН МОМЕНТ

611 Nm при 4,200/min(EB 110 GT)

650 Nm при 4,200/min (EB 110 SS)

ПРЕНОС

Мануелен 6 степени

ПОГОН

Постојан на сите тркала

ЗАБРЗУВАЊЕ

3.5 s од 0 до 100 km/h (EB 110 GT)

3.3 s од 0 до 100 km/h (EB 110 SS)

VMAX

342 km/h (EB 110 GT)

351 km/h (EB 110 SS)

ПОТРОШУВАЧКА

околу 13.5 l/100 km

ПРАЗНО ВОЗИЛО

1,570 – 1,735 kg

ДОЛЖИНА

4,400 mm

ШИРИНА

1,940 mm

ВИСИНА

1,125 mm

МЕЃУОСКИНО РАСТ.

2,550 mm

ГУМИ

245/40 ZR 18 напред / 325/30 ZR 18 назад

ПРОИЗВОДСТВО

1991-1995

СЕРИЈА

128 вкупно, 96 примероци EB 110 GT, 32 примероци EB 110 SS

ЦЕНА

Од ITL 450 милиони


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

137
18 shares, 137 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *