за

Bugatti Divo: Четириесет каросерии по посебна нарачка, молам

Bugatti Divo premiera

Bugatti Divo е во најдобрата традиција на марката. Во 1930-те, купувачите можеа да избираат неколку видови на каросерија. Исто е со Bugatti Divo. Тој ја има техниката од Chiron, но каросеријата е тотално поразлична

Тоа што веќе одамна не се случува по големите салони на автомобили, се случува на настаните каков што е Автомобилската недела во Монтереј, повеќе позната по собирот на олдтајмери во Пебл Бич. Bugatti го искористи присуството на најбогатите и највлијателни колекционери на ова монденско место на калифорнискиот брег и го претстави новиот Bugatti Divo.

Фината француска марка од срцето на Алзас веќе инкасираше 200 милиони евра од овој модел. Примерок чини најмалку пет милиони евра и целата серија од 40 примероци се распродаде уште пред Divo да се појави пред јавноста. Bugatti одржа затворена презентација пред избрана клиентела, на којашто очигледно ѝ се допадна автомобилот. Bugatti Divo е изработен врз основа на Chiron, но промените во изгледот се многу поголеми отколку што се очекуваше.

Bugatti Divo premiera 1
Bugatti Divo не е замислен за милијардерите (само) да се тркаат со него, туку доаѓа како кароериска верзија на баа на Chiron, како што марката практикуваше во своите најславни времиња

Задните светла се составени од по 44 осветлени ламели, изработени со најдобриот 3D-печат. Напред вообичаено доминира маската во форма на потковица. Дополнителните канали за воздух, заедно со останатите измени, придонесоа габаритите на Bugatti Divo да бидат значително поголеми во споредба со Chiron.

На местото на решетката во опашот, кај Bugatti Divo се наоѓаат по 40 светлечки ламели од секоја страна, изработени со најнапреден 3D-печат

Разликата се забележува многу повеќе отстрана. Маркантните облоги на праговите се драстично пошироки, а препознатливиот полукруг зад вратите не е толку изразен. Најголемата и најефектна разлика е сепак во спомнатите задни светла со по 44 светлечки ламели. Овие светла целосно ја заменуваат задната решетка на стандардниот Chiron. Во средината на огромниот дифузор завршуваат четирите издувни цевки со квадратен профил. Задниот спојлер е зголемен и служи како воздушна сопирачка.

Bugatti Divo premiera 8

Предните светла се широки само 3,5 сантиметри. Контурите на предната хауба се нагласени повеќе, со средишна лента во специјална боја, којашто се води како “Divo racing blue“. Оваа впечатлива светлосина боја се повторува и на возачкото седиште, додека за совозачкото седиште се користи алкантара во темносива боја. Прегради и слични детали во кабината недостигаат, затоа што техничарите имаат цел да го олеснат возилото колку може повеќе.

Поради посебната геометрија на подвозјето, крајната брзина е за 40 km/h пониска во споредба со Chiron: Тоа се уште се 380 km/h

Осумлитарскиот мотор W16 од Chiron и натаму ослободува 1.500 КС и 1.600 њутнметри. Инженерите и техничарите при развојот на Bugatti Divo ставиле повеќе нагласок на возните својства, отколку на крајната брзина. Поради зголемениот нагиб на тркалата, крајната брзина е ограничена електронски на 380 km/h. Тоа се дури 40 km/h помалку во споредба со стандардниот Chiron.

Ефектот од преработката се покажа на италијанската високобрзинска патека Нардо. Bugatti Divo вози круг за осум секунди побрзо отколку Chiron. Спринтот до темпо 100 трае само 2,4 секунди.

Bugatti Divo premiera 16

Покрај тоа што го дотерале поспортски, техничарите му одзеле и 35 килограми на Divo. Тоа е постигнато преку вградување делови од карбон и користење значително полесни бандажи.

Во предниот дел се забележуваат дополнителни отвори за воздух, а подобрено е и спроведувањето на воздушните струи покрај страниците на каросеријата. Предниот сплитер е заменет со цел да се зголеми потисокот и преку подобро одведување на воздухот да се подобри ладењето на моторот одзади.

Bugatti Divo premiera 6

Од Chiron е преземен системот со лопатки коишто во секое време обезбедуваат студен воздух за сопирачките, а дополнително и за гумите при брзинските екстреми. Масивниот заден спојлер произведува 456 килограми потисок, што е за дури 90 килограми повеќе отколку кај Chiron. Возните својства профитираат од преправките во управувањето и од покрутата амортизација.

Без разлика што станува збор за бескомпромисна тркачка машина, Bugatti Divo може да се вози и по јавни патишта. Името потекнува од францускиот тркач Албер Диво, кој постигна победи на легендарната Тарга Флорио во 1928 и во 1929 година, со Bugatti Type 35.

[FAG id=34563]

Најскапите олдтајмери во светот се собираат месецов во Калифорнија

Единствениот Bugatti Veyron со погон назад кине гуми во Лас Вегас

Bugatti произведе сопирачки клешти со 3D-печатење

Колку чини користен Bugatti Veyron

Hennessey повторно му се остри на Bugatti

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi PB18 e-tron

Audi PB18 e-tron како да вози на „четирифазна“ струја

Хајмер приколки за кампување за Кина

Кинезите бараат и приколки за кампување