за

Bugatti Chiron прв сериски модел побрз од 300 милји на час

Bugatti Chiron
Bugatti Chiron

Поставувањето светски рекорди е рутинска вежба за Bugatti. Chiron е прв хиперавтомобил што вози побрзо од 300 милји на час, односно 482,80 km/h. Мерењето од ТУВ покажа дека Chiron постигнал 490,484 km/h.

Уште една цел на Bugatti и на директорот Штефан Винкелман е исполнета. Француската марка требаше прва да ја пречекори брзината од 300 милји на час, и успеа. Понатаму, Bugatti нема да учествува во трката за најбрз автомобил од сериско производство. Нема потреба ексклузивната и благородна марка повеќе да се докажува.

Честа да биде зад воланот му припадна на фабричкиот тест-возач и победник на Леман, Енди Валас, кој постигна 490,484 km/h (304.773 mph). Рекордот е поставен денес, на историската тест патека Ера-Лесиен во Долна Саксонија. Валас ја зголемуваше брзината во чекори од по 50 km/h, со цел да се увери дека условите одговараат и дека аеродинамиката на Chiron е оптимално балансирана.

New photo by Automedia MK / Google Photos

По кругот за загревање, Енди Волис забрза од 200 km/h на излегување од северниот свијок на патеката и продолжи до крајната брзина на правецот долг 8,8 километри. Тимот секако мораше да се грижи и околу точката за сопирање, за залетаниот хиперавтомобил да влезе безбедно во јужниот свијок, исто така со 200 km/h. Целиот потфат до конечното забавување по правецот траеше околу 70 секунди.

Постигнатата рекордна брзина на Bugatti Chiron одговара на 136 метри во секунда

Британецот Енди Волис постави рекорд на истата патека и во 1998 година, со McLaren F1, кога постигна 391 km/h.

Во подготовката на болидот за рекордот учествуваа и партнерите Dallara и Michelin. Посебно изработените гуми за Chiron за оваа цел добија уште едно зајакнување, со цел да се постигне издржливост до 5300 G. За колкаво оптоварување станува збор, доволен е фактот што гумите при рекордната брзина постигнуваат 4.100 вртежи во минута.

Дополнителен предизвик на Ера-Лесиен е тоа што патеката се наоѓа на 50 метри надморска висина. Поради поголемата густина на воздухот на оваа висина, моторот се соочува со многу поголем отпор. Отпорот на воздух при брзина над 400 km/h е ист како автомобилот да турка во ѕид пред себе.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Cadillac-XT4

Cadillac ќе го продава XT4 во дизел изведба во Европа

Skoda Scala Monte Carlo

Skoda Scala во изведба дотерана за Монте Карло