за

Bugatti Chiron е последниот хиперавтомобил со класичен погон

Bugatti Chiron

Во интервју за британскиот „Autocar“, шефот на ексклузивната марка открива дека наследникот на Bugatti Chiron мора да поседува електромотор за да го надмине актуелниот модел. Тоа значи дека Chiron е последниот хиперавтомобил што користи само класичен мотор.

Од Молсхајм штотуку се испорачуваат првите примероци од Bugatti Chiron, а светот веќе се интересира околу наследникот. Британскиот магазин „Autocar“ во интервју со Волфганг Диренхајмер дознава дека идната генерација на „најбрзиот, најмоќниот и најекслузивниот“ автомобил во светот сепак ќе користи помош од електромотор во погонската спрега за моќноста да се зголеми во споредба со актуелниот модел. Според Диренхајмер, моделската замена ќе се случи по околу седум години.

Bugatti Chiron располага со 1500 КС и способност за спринт до сто за 2,5 секунди

Осумлитарскиот мотор W16 со четирикратно турбонатполнење моментно располага со моќност од 1500 КС и обезбедува спринт до сто за 2,5 секунди. Крајната брзина на хиперболидот тежок два тони изнесува 420 километри на час.

За шефот на Bugatti е сосема извесно дека следниот модел ќе користи електромотор во погонската спрега и посочува на брзиот напредок на електричниот погон. За преоѓање на чисто електричен погон, според германскиот шеф сé уште ќе биде прерано.

10.000 евра за играчка од Bugatti Chiron

Клучниот момент во интервјуто: „Веројатно никогаш повеќе нема да постои друг автомобил со чистите механичките способности на Chiron.“ Оваа изјава дополнително ќе го поттикне интересот на колекционерите. Дури и самиот Дирхајмер размислува да го купи автомобилот.

При развојот на Bugatti Chiron се размислувало за хибридната опција, но на крајот сепак е постигнато зголемување на моќноста на моторот W16 со усовршување на повеќето витални компоненти. Три суперавтомобили од највлијателните марки на сцената веќе користат електромотор: Porsche 918 Spyder, McLaren P1 и Ferrari LaFerrari. Нивните пеформанси сепак заостануват зад оние на марката од Алзас.

Во Молсхајм сериозно се размислува да се воведе и втор модел, што би довело до одложување на стартот на наследникот на Chiron. Во тој случај, вториот модел би имал премиера во 2024 година, додека идниот хиперавтомобил би следел дури во 2032 година. Дирхајмер не открива каков каросериски концепт би следел вториот модел. Досега се продадени 280 од планираните 500 примероци од Bugatti Chiron.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

дизел-скандалот-адвокати-volkswagen

Дизел-скандалот им носи на адвокатите 500 долари од час

роботски минибус

Роботски минибус како такси на иднината