за

Bugatti ќе изработува специјална колекција со Џорџо Армани

Bugatti ќе соработува со Giorgo Armani во изработката на лимитирана серија производи, вклучувајќи кожени додатоци и скапа облека – Giorgio Armani for Bugatti.

Француската автомобилска марка и италијанската модна марка соработуваат за првпат со цел да ја прикажат заедничката визија на динамична и безвременска елеганција. Bugatti и Giorgio Armani ќе им понудат на купувачите производи што се одликуваат со врвни материјали и вештина за нивна изработка. Џорџо Армани ја коментира соработката: „Мошне е природно да се здружиме со Bugatti. Обете марки ги почитуваат работите што се изработени добро, изработени да траат, создадени од најдобрите материјали. Серијата облека и прибор е дизајнирана за мажи кои го бараат само најдоброто и кои имаат активен и динамичен животен стил.“

Приборот и облеката во колекцијата што ќе се лансира за идната сезона есен/зимо, прикажува детали што се раководат според иконските мотиви на марката Bugatti. Амблемот во маската на Bugatti во форма на потковица ќе се користи на чантите, додека сината боја на марката ќе се користи во поставата на чантите, во внатрешноста на џебовите и на детали од кондурите. Колекцијата се одликува со три стилски и безвремени бои, коњак, зелена и сина.

Предводник на колекцијата е елегантната чанта од мека телешка кожа, изработена исклучиво рачно. Giorgio Armani for Bugatti се состои и од поголема чанта за викенд, ремени, паричници, футроли за iPad и несесери, додека од облека се нудат капут и блузон од кашмир, пуловери од кашмир, кожена јакна, како и деним џинс што е обработен да изгледа како кадифе. Следат уште спортски кондури од телешка кожа со детали од крокодилска кожа, со внатрешност во сина боја, возачки блејзер од крокодилска кожа, достапен во коњак или зелена боја, како и капа од кашмир.

Колекцијата ќе се најде во продажба од август во избрани бутици на Giorgio Armani, како и во неколкуте бутици на Ettore Bugatti.

Giorgio Armani For Bugatti_1

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Auto Bild се откажува од дизелите во новото издание

Porsche Panamera комплетно ќе се произведува во фабриката во Лајпциг