за

Bugatti ги испорача првите три примероци од Chiron

Вратите на „Ателјето“ на Bugatti во седиштето на марката во Молсхајм се отворија за првите примероци од новиот Chiron да им бидат испорачани на сопствениците. Трите примероци од најмоќниот, најбрз, најлуксузен и најексклузивен суперспортски автомобил од сериско производство го започнаа патувањето до своите сопственици во Европа и Средниот Исток.

Педесетина вработени во производството, контролата на квалитетот и логистиката се собраа да го одбележат овој значаен чин во историјата на Bugatti и воопшто на автомобилизмот. Bugatti планира да изработи до 70 примероци годинава. Француската луксузна марка ќе прикаже уште еден примерок од Chiron на салонот во Женева, кој започнува веќе на 9-ти март.

Bugatti Chiron pocetok isporaka 00003

Како што наведуваат од Молсхајм, сопственикот на овој секако уникатен примерок е од германското говорно подрачје и самиот учествувал во изработката на неговиот ексклузивен автомобил – поточно во еден ден од изработката. Каросеријата на салонскиот експонат е лакирана во „Bleu Royal“, со иновативна карбонска основа, додека внатрешноста е изведена во комбинација од „Deep Blue“ и „French Racing Blue“. Сината боја меѓу другото е обележје на Bugatti.

Bugatti Chiron pocetok isporaka 00002

Половина од планираните 500 примероци што ќе се произведат од Chiron веќе најдоа сопственик. На „невидено“. Шефот Волфганг Дирхајмер го појаснува тоа: „Фактот што веќе имаме добиено нарачки за половина од серијата на Chiron без тест-возења говори за големата доверба на нашите клиенти во нашата марка и во нејзината силна аура“.
Првите пробни возења за потенцијалните клиенти ќе следуваат дури кон крајот на март. Околу една третина од досегашната продажба е реализирана на европскиот пазар, потоа следат Северна Америка со 30 проценти и Средниот Исток со 26 проценти.

Хиперавтомобилот ја имаше својата светска премиера лани на салонот во Женева.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes најавува GT со четири врати за Женева

Opel стана дел од француската групација PSA