156
21 shares, 156 points

Две недели пред премиерата, Brabham Automotive објави фотографија на којашто за првпат се гледа новиот хиперавтомобил Brabham BT62. Фотографијата на прв поглед открива малку од конкурентот на Aston Martin Valkyrie или Mercedes-AMG R50. Но, вештиот познавач ќе забележи дека сé е подредено на ниската тежина.

Спојлерот којшто е поширок од каросеријата и сведочи за екстремните перформанси на автомобилот е изработен од карбон, додека задниот каросериски панел е перфориран, како уште еден ефикасен начин да се одземе тежина – покрај обезбедувањето екстра воздух за ладење на моторот, секако. Диодните светла веќе се подразбираат.

Brabham BT 62 се придружува на триото хиперавтомобили од Aston Martin, McLaren и Mercedes-AMG

Долу не отсуствува агресивен дифузор, како сведоштво за тркачката инспирација при развојот на BT62. Исто како идното трио хиперавтомобили од Aston Martin, Mercedes-AMG и McLaren, новакот е чистокрвна тркачка машина, којашто има претрпено неколку „безболни“ модификации за да ги исполни условите за добивање регистерска табличка.

Моќта доаѓа од 5,4-литарски V8, којшто не се служи со турбонатполнење, туку се повикува на класичниот принцип на високи вртежи. Со моќност од преку 700 КС, атмосферскиот осумцилиндарец има лесна задача да ги задвижи 972-та килограми на Brabham BT62.

Овие машини се наменети за новата генерација богати сопственици на ексклузивни и надмоќни автомобили, коишто место да ги чуваат своите богатства на четири тркала во климатизирани гаражи, повеќе сакаат да ги возат на посебни настани на најпознатите тркачки патеки во светот

Дизајнирана за перформанси и за ефикасно искористување на струењето на воздухот преку произведување екстремни вредности на потисок, каросеријата на првиот хиперавтмобил на Brabham произведува потисок од преку 1.200 килограми.

Со енормната моќност на моторот оди енормна „негативна“ моќност – сите четири сопирачки дискови се изработени од карбон и располагаат со сопирачки клешто со по шест клипови. Brabham прв го воведе карбонот во сопирачките во Формула 1 во 1976 година.

Само 70 примероци од хиперавтомобилот кој вреди најмалку милион фунти

Во чест на 70-годишнината од почетокот на тркачката кариера на Сер Џек Бребем во Австралија во 1948 година, продукцијата на Brabham BT62 ќе се ограничи на само 70 примероци. По цена од еден милион фунти, без даноци и без опции, нарачките веќе стартуваа. Првите примероци ќе се испорачаат пред крајот на годинава. Сопствениците на BT62 автоматски стануваат членови на ексклузивниот клуб на возачи, за когошто ќе се организираат посебни трки и напредни возачки обуки.

Веднаш по премиерата на 2-ри мај, Brabham BT62 ќе биде изложен на ексклузивна локација во централното подрачје на Лондон, покрај тркачките болиди од историјата на Brabham. Публиката ќе може да го запознае хиперавтомобилот и одблизу, но само со влезница.

Со Brabham Automotive управува Дејвид Бребем, син на трикратниот Ф1-шампион Џек Бребем и победник на Леман.

Bugatti Chiron е последниот хиперавтомобил со класичен погон

Хрватскиот Rimac меѓу добавувачите за хиперавтомобилот на Aston Martin

Pininfarina ќе спринтува до 300 km/h за помалку од 12 секунди

Чудните автомобили се нормална појава на салонот во Женева

Aston Martin Valkyrie: Проектил со дозвола за ниско летање

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

156
21 shares, 156 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3813