за

Брус Мекларен: „Животот се мери во достигнувања, не само во години“

Брус Мекларен статуа 50 години
Брус Мекларен статуа 50 години

McLaren денес одбележува 50 години од загинувањето на Брус Мекларен, прочуен британски тркач и победник на Леман, Канам и на бројни гран-при трки во Ф1, како и основач на компанијата од којашто произлезе денешната McLaren Group.

Денес се одбележуваат 50 години од загинувањето на тркачот и конструктор Брус Мекларен, кој настрада при тестирањето на тркачкиот болид за Канам, на патеката во Гудвуд. По тој повод, неговата ќерка Аманда Мекларен откри статуа на Брус Мекларен на куса церемонија во седиштето на McLaren во Вокинг.

Во центарот со впечатлива архитектура беше изложен и двојникот на McLaren M8D, со ознака M&D, со којшто Дени Халм, тимскиот совозач на Брус, го освои првенството во Канам во 1970 година. Новозеланѓанинот доселен во Велика Британија кон крајот на 1950-те години, претходно победи во шампионатите во Канам во 1967 и 1969 година.

Бронзената статуа е дело на Пол Оз, кој ја има изработено и статуата на Аиртон Сена, што исто така е изложена во центарот на McLaren. Сена шест години возеше за McLaren, освојувајќи ја шампионската титула во 1988, 1990 и 1991 година.

Тимот што уште го носи името на Брус има победено на вкупно 182 трки, со 12 возачки и 8 конструкторски титули, со што е втор најуспешен тим во Формула 1.

Првиот автомобил за обичен сообраќај под името на McLaren се појави во 1992 година, секако станува збор за McLaren F1, меѓу другото победничка на 24 часа Леман во 1995 година. McLaren Automotive денес е срцето на групацијата McLaren, основана во 2010 година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mercedes 600 преработен мајбах

Mercedes 600 како на Тито, вреден 2,15 милиони евра

Колку килограми пластика има во денешните автомобили Skoda scala

Колку килограми пластика има во денешните автомобили?