за

Британски Auto Express: „Агенцијата за животна средина има возен парк од 3.000 дизели“

електрични автомобили британија
електрични автомобили британија

Автомобилскиот магазин Auto Express го провери возниот парк на агенцијата што е задолжена да се грижи околу животната средина. Билансот е следниот: Британските еколози возат 3.356 возила со дизел мотор и само 27 електрични автомобили.

Ценетиот британски магазин за автомобилизам Auto Express препознава неусогласеност меѓу возниот парк и меѓу функцијата што треба да ја врши агенцијата за заштита на животната средина во земјата. Во нејзиниот возен парк се наоѓаат 5.530 автомобили, комбиња и камиони, од кои 750 поседуваат бензински мотор, 1.197 се плагин-хибриди, 27 возат на струја, додека преостанатите 63 проценти согоруваат дизел.

Агенцијата, како што посочува Auto Express, располага со годишен буџет од 1,4 милијарда фунти и ветила дека сите дизел возила во својот возен парк ќе ги замени со возила со ултра-ниска емисија на штетни материи до 2025 година.

Објаснувањето што магазинот го добил од Агенцијата: „Ние работиме ширум земјата во спречување или соочување со суша, поплава и еколошки инциденти. Потребен ни е возен парк што ќе одговара за тие цели.“

Велика Британија по 2040 година ќе ја забрани продажбата на нови возила со обичен бензински или дизел мотор, но во владините кругови веќе се спомнува и поместување на временската рамка пет години порано, во 2035 година.

Министерствата во земјата ќе располагаат со целосно електричен возен парк по 2030 година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

VOLKSWAGEN GOLF 8 AMBLEM

Новиот Volkswagen Golf ќе се произведува побрзо и поевтино

Tesla Model 3 evropa start

Топ 20 Најпродавани електрични автомобили во Германија