за

Нови бензинци и дизели во Британија само до 2035 година

забрана-дизели-верлика-британија
забрана-дизели-верлика-британија

Велика Британија ќе ја запре продажбата на возила со мотори со внатрешно согорување во 2035 година. Тоа е пет години порано од првичните планови.

Заради заштита на климата, во Велика Вританија повеќе нема да се продаваат нови возила со бензински или дизел мотор по 2035 година. Претходно се планираше оваа мерка да стапи на сила во 2040 година. Критичарите посочија дека во тој случај ќе се пропуштеше земјата да ја достигне целта и својот придонес за земјиното затоплување да го сведе на нула до 2050 година. Рокот се однесува и на возилата со хибриден погон.

Во шкотскиот град Глазгов ќе се одржува 26-та Климатска Конференција од 9-ти до 20-ти ноември. Премиерот Борис Џонсон цени дека „не постои поголема одговорност од таа, да ја заштитиме нашата планета. Владиниот шеф, заедно и активистот за животна средина и тв-документарист Дејвид Атенбороу (93) во вторникот имаа средба со ученици во Природонаучниот музеј во Лондон и потоа разговараа со климатските експерти и политичарите.

По 2035 година во земјата ќе се продаваат единствено возила со погон на струја, вклучувајќи плагин-хибриди, и возила со погон на водород

Повеќе градови во Велика Британија се соочуваат со загаден воздух, особено Лондон. Лондонскиот градоначалник Садик Кан веќе го оцени воздухот во престолнината како „убиец“.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

toyota mirai energy observer

Со погон на вода во вода: Катамаран со „мотор“ од Toyota Mirai

Skoda Octavia RS iV

Skoda Octavia RS iV со хибридни 245 КС и изглед за тристотини