за

Повеќе полначи за струја од станици за гориво: Британија под напон

Повеќе почначи за струја од станици за гориво: Британија под напон
Повеќе почначи за струја од станици за гориво: Британија под напон

Во Велика Британија има илјада повеќе полначи за струја за електрични автомобили отколку што има станици за точење гориво. Поточно, 9.300 станици за полнење, наспроти 8.400 станици за гориво.

Преоѓањето на погон на струја во некои држави се случува побрзо отколку што очекуваа и самите производители на електрични возила. Конкретно, Nissan предвидуваше дека пресвртницата ќе се случи во август 2020 година, кога во Велика Британија ќе има повеќе станици со полначи за струја отколку станици за точење гориво. Јапонскиот електро-специјалист го направи предвидувањето пред само три години.

Големиот момент се случува по помалку од сто години по пуштањето во работа на првата пумпа за гориво во островската земја, во ноември 1919 година. Историскиот настан се случил во Алдермастон во Беркшир.

Следната табела го споредува бројот на станици со полначи за струја и станици за гориво

(во Велика Британија, за периодот од 2012 до 2019 година)

Година

Станици за точење гориво

Станици со полначи за струја

1970

37,539

1980

25,527

1990

19,465

2000

13,043

2005

9,764

2010

8,892

2011

8,480

2012

8,693

913

2013

8,611

1,962

2014

8,609

2,775

2015

8,472

3,646

2016

8,489

4,232

2017

8,442

4,954

2018

8,396

6,669

2019 (август)

8,396 (2018)

9,199

 Од вкупниот број полначи, околу 1.600 се брзи полначи и овозможуваат четири петини од капацитетот на батеријата да се наполнат за помалку од еден час. Во просек, секој ден се поставуваат по два нови брзи полначи во земјата. По станиците за одмор на повеќето магистрални патишта се поставени полначи за струја, кои најчесто се брзи полначи.

Повеќе компании менаџираат со сопствени мрежи од станици за полнење струја. Само „Transport for London“ лани отворил повеќе од 1.000 полначи. Воведувањето зона со пристап за возила со ултраниска и нулта емисија на штетни материи во Лондон и неколку други градови во земјата доведе до нагло зголемување на интересот за електрични возила. Во спротивно мора да се плаќаат високи такси за пристап со возила со обичен погон.

Приоритетот во сообраќајот во Лондон: Велосипедист, такси, автобус

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mitsubishi L200 VI gen

Mitsubishi го потврди пристигањето на новиот L200 на нашиот пазар

Хибридите со +17% во јуни, дизелите одвај со третина учество

Хибридите со +17% во јуни, дизелите одвај со третина учество