за

Британија се враќа на автогасот заради почист воздух

британија се враќа на автогасот

Британската влада се залага за автогасот со цел да се намалат штетните материи од сообраќајот. Автогасот или LPG и натаму е почист во споредба со емисијата на обичните бензински и дизел мотори, а споредлив е со хибридите

Течниот нафтен гас или LPG ќе има клучна улога во стратегијата на британската влада да постигне драстично смалување на емисијата на штетни материи од сообраќајот. Се проценува дека загаденоста на воздухот одзема околу 40.000 животи секоја година. Владата во островската земја поради тоа презема драстични чекори, со цел да се постигне нулта емисија од возилата до 2050 година. Тоа секако предвидува и воведување на заштитени еколошки зони во голем број градови.

Сопствениците на автомобили што користат автогас веќе неколку години плаќаат поевтина регистрација. При согорувањето на автогасот се ослободуваат помалку азотни оксиди, СО2 (-19%) и неразградливи честички (РМ). Последните истражувања покажуваат дека LPG е почист дури и од хибридниот погон.

Вградувањето автогас е поевтино отколку набавка на автомобил за когошто не важат строгите еколошки ограничувања

Организациите за заштита на животна средина препорачуваат дизелите да се заменуваат со возила со погон на автогас, особено во градските средини. Секако дека се зема во предвид и можноста за дополнително вградување на уред за автогас. Тоа е поевтино отколку да се купува ново возило за коешто нема да важат високи еколошки такси, а дополнителен аргумент е и тоа што гасот е поевтин од бензинот и дизелот. Во Велика Британија моментно е слаба понудата од модели со фабрички вграден уред, наспроти Италија, како водечка земја за автогасот во Европа.

Во следните 15 години, земјата ќе спроведува стратегија за зголемување на уделот на горива со ниска емисија на СО2 на 7 проценти. Био-автогасот веќе е присутен на британскиот пазар, произведен од обновливи извори и отпад. Експертите сметаат дека токму био-автогасот може да оригра клучна улога за подобрување на еколшкиот баланс на возилата што се проблематични за воведување електричен погон, како што се такси возилата и доставните возила.

Моментно во Велика Британија има околу 100.000 возила кои користат автогас. Мрежата опфаќа 1.300 станици за точење на еколошкиот и економичен гас, чијшто предности останаа заборавени во последните неколку години.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

volkswagen t-cross

Volkswagen T-Cross ќе се произведува во Шпанија

lada vesta sport sedan

Со оваа Lada Vesta Sport нема закачање