149
20 shares, 149 points

Главниот град на Белгија ќе воведе нов сообраќаен режим. Целиот град важи како зона со намален сообраќај и смее да се вози до 30 km/h. Дополнително се ослободуваат лентите за по нив да возат велосипедистите.

Брисел важи како класичен град на автомобилите. Јавниот сообраќај не е развиен, а место посебни велосипедски патеки, само се нацртани симболи по тесните улици низ градот, што возачите не ги почитуваат. Со истите потешкотии се соочуваат и пешаците. Вистински проблем е движењето со инвалидска количка низ градот или туркање детска количка. Од градската управа сепак решија да преземат темелни промени, токму во времето на корона-кризата. Целиот град се прогласува како зона со намален сообраќај, од следната година во сите 19 градски општини ќе биде дозволено да се вози најмногу 30 km/h, а во меѓувреме ќе се изведат велосипедски патеки во вкупна должина од 40 километри.

Во централниот градски ринг, кој поради формата е познат и како пентагон, од минатата недела се вози со 20 до 30 km/h, додека пешаците смеат да го користат целиот пат. На тој начин им се овозможува на граѓаните да го одржуваат минималното безбедносно растојание од метар и половина по тесните улици во старото градско јадро. Станува збор за површина од два на два и пол километри.

Во следните три месеци ќе се тестира новиот сообраќаен режим во градот, а потоа ќе се решава дали истиот ќе продолжи да се применува. Брисел веќе применува план за подобрување на квалитетот на воздухот. Стари возила со дизел мотор не смеат да сообраќаат низ градот, а лимитите ќе се затегнуваат секоја година. По 2025 година, низ градот ќе можат да сообраќаат единствено возила со норма Euro 6. При прекршување на забраната се плаќа парична казна во висина од 350 евра.

Во Брисел ќе се вози 30 km/h: Побрзо само на главните улици

брисел ограничување брзина 30 kmh дисплеј
 

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

149
20 shares, 149 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *