146
19 shares, 146 points

Подготовката на автомобилот за топлото време, годинава мина набрзина. Зимските гуми се заменети со летни, проверено е нивото на течноста за сопирање и во системот за ладење, акумулаторот е во ред. Тоа што често се заборава е замена на метличките на бришачите.

При таканаречената пролетна подготовка на автомобилот, секогаш мора нешто да остане заборавено, пропуштено. Бришачите, на пример. Пропустот како по правило се открива кога бришачите се најпотребни, при првиот дожд. Зимата ги става метличките на бришачите пред тешки предизвици. Студот, солта и нечистотијата предизвикуваат ситни пукнатини во метличките.

Најголема грешка е бришачите да се пуштат, кога ветробранот е замрзнат, со намера на тој начин да се „иструже“ мразот. Тоа е кобно за бришачите. Возачот го дознава тоа кога ќе забележи дека стаклото не се брише рамномерно и остануваат траги. Затоа се препорачува замената на метличките на бришачите да се врши најмалку еднаш годишно. Еден трговски синџир од продавници за автоделови од Германија спроведе истражување, колку често возачите во земјата ги менуваат бришачите.

Една четвртина од возачите ги заменуваат бришачите на помалку од една година

Анкетирани беа повеќе од 1.000 возачки и возачи во Германија. Резултатите покажуваат дека 39 проценти од возачите ги менуваат бришачите секоја година, а 25 проценти дури и почесто. Наспроти тоа, 36 проценти, што е повеќе од една третина од возачите, ја практикуваат замената на секои две години или уште поретко. За 45 проценти од возачите, време за менување на бришачите е кога ќе забележат дека стаклото не се брише добро. Една четвртина го прават тоа кога ќе почне да се слуша чкрипење, додека 17 проценти ја прифаќаат препораката од сервисерите. Повеќето возачи практикуваат замената да ја направат во сервис (35 проценти), 22% купуваат нови бришачи во продавниците за автоделови, а 21% набавуваат онлајн. Само девет проценти од испитаниците купуваат во дисконт, а седум проценти на станица за точење гориво.

Денешните бришачи повеќе не поседуваат метални зглобови. Место тоа, метална пружина притиска врз целата должина на метличката. Предност е подобрената аеродинамичност и подобрата ефикасност при повисока брзина.

Пред следниот маратон во седење: Пролетно миење на возилото


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

146
19 shares, 146 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *