152
23 shares, 152 points

Bridgestone го купи одделението за телематика на TomTom за 910 милиони евра. Производителот на гуми планира да ги прошири своите дигитални активности, додека TomTom има други цели

Најголемиот производител на автомобилски пневматици во светот, Bridgestone, се подготвува за идниот бизнис со роботски такси возила и други видови на услуги за мобилност. Bridgestone плати 910 милиони евра за преземање на одделението за телематика на производителот на навигациски уреди TomTоm, коешто е специјализирано за раководење со големи возни паркови. Јапонскиот концерн планира да ги користи податоците од менаџментот со возните паркови на големите фирми и институции во развојот на пневматици.

Системот за менаџирање со возен парк на одделението за телематика на TomTom моментно се користи во 860.000 возила. TomTom ќе ги искористи средствата од продажбата за да го засили своето учество во жестоката конкурентска битка со дигитални карти и сообраќајни информации. Еден од конкурентите во тоа поле е Google.

Гуми што сами се вулканизираат при мало оштетување се неопходни за идните роботски такси возила, кои ќе бидат постојано во движење

Изобилството од податоци од стотици илјади возила е вреден инструмент во истражувањето и развојот на нови генерации пневматици. Овие податоци ќе можат меѓу другото да се користат и за симулации. Компаниите што во иднина ќе нудат услуги со роботски такси возила, каде што возилата треба постојано да се во движење, ќе имаат и посебни барања од производителите на гуми за тие возила.

Volvo 360c роботските автомобили 3Еден од главните критериуми е гумите да бидат особено издржливи. Новите технологии ќе овозможат гумите самостојно да ги „затворат“ помалите оштетувања. Подеднакво е важно операторите со возните паркови навреме да добиваат информации кога ќе биде потребно да се сменат пневматиците на одредено возило од возниот парк.

Со оваа зделка, Bridgestone ќе биде во можност да им понуди и пневматици на операторите со роботските такси возила. Холандскиот концерн TomTоm во септември го понуди на продажба своето одделение за телематика со 670 вработени. Од средствата од продажбата, 750 милиони евра ќе се префрлат кај акционерите.

Bridgestone со рекордна испорака на гуми за прво вградување

Како полицијата ќе ги запира роботските автомобили?

Volvo сака роботските автомобили да ги заменат авионите

Ford испорачува храна со роботски автомобили во Мајами

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

152
23 shares, 152 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format