179
23 shares, 179 points

ЕУ склучи спогодба за слободна трговија со јужноамериканската економска зона Меркосур, по што производителите на автомобили се надеваат на голем раст во продажбата. Бразил и Аргентина досега го оптоваруваа увозот на автомобили од Европа со царина во висина од 35 проценти.

Европските автомобилска индустрија очекува голем раст во продажбата на автомобили и доставни возила во земјите што спаѓаат во јужноамериканската економска зона Меркосур, по потпишувањето на спогодбата за слободна трговија. За тоа да се случи, прво треба да се симнат царините и другите трговски ограничувања.

За увозот на автомобили од ЕУ во Бразил и во Аргентина моментно важи царинска стапка од 35 проценти. Поради тоа, досегашниот извоз во регионот на Меркосур беше мошне слаб. Лани во целиот регион се продадоа само 78.000 возила.

Спогодбата со Меркосур отвора шанси за извоз за двете страни. Европските производители најмногу се радуваат на отворањето на бразилскиот пазар, кој моментно бележи голем раст. Во двете јужноамерикански држави, производителите од ЕУ имаат повеќе од 140 фабрики за автомобили или погони на добавувачите на автомобилската индустрија.

Покрај Бразил и Аргентина, полноправни членки во Меркосур се уште Парагвај и Уругвај.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

179
23 shares, 179 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *