152
23 shares, 152 points

Новиот циклус за тестирање на издувните гасови го стави Volkswagen на големи маки. Поради обемот на работата, околу 8.000 возила без хомологација мора да мируваат на новиот берлински аеродром

Неколку стотици нерегистрирани автомобили од марката Volkswagen стојат паркирани на аеродромот Берлин Бранденбург или кусо Бер. Возилата во изминатите неколку денови пристигаа натоварени на камиони до новиот берлински аеродром, којшто се наоѓа веднаш покрај стариот аеродром во Шенефелд. Во следните неколку недели таму ќе пристигнат и наредните количини возила. Volkswagen изнајмил околу 8.000 паркинг места во три катни гаражи и на три отворени површини на аеродромскиот терминал.

Причината за овој своевиден застој е тоа што Volkswagen уште нема добиено хомологација за новите возила според новиот циклус за одредување на потрошувачката на гориво, а со тоа и на количината на штетни материи во издувот, којшто стапува на сила во септември. Засега нема информација колку долго возилата ќе останат паркирани на аеродромот Бер.

aerodrom ber volkswagen

Пуштањето во работа на „воздушното пристаниште“ Берлин Бранденбург е одложено за 2020 година, по деветгодишно доцнење. Објектот што требаше да биде уште една гордост на Германија, со години наназад само наидуваше на нови проблеми. Стартот беше одложуван повеќепати, од најразлични причини: Пропусти во изведувањето, грешки во плановите и проблеми со техниката. Аеродромот годинава ќе заработи околу еден милион евра од изнајмување на неискористените површини.

Големината на Volkswagen прави и проблемите со новиот циклус WLTP да бидат поголеми

Volkswagen не е единствениот производител на автомобили којшто наидува на проблеми со новиот циклус WLTP. Масовноста на продукцијата и најшироката можна понуда од модели логично доведоа до тоа гигантот од Волфсбург да има повеќе проблеми со новата норма отколку останатите автомобилски куќи.

За обемот на работата со којшто се соочуваат производителите доволно говори следниов податок: Само 260 комбинации од мотор и менувач мора да се тестираат и хомологираат според стандардот којшто е задолжителен за сите нови возила по 1-ви септември. Volkswagen во моментов заостанува далеку зад планот.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

152
23 shares, 152 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743