166
22 shares, 166 points

Малечкиот кабриолет во верзија на тјунерот Brabus го има веројатно најдолгото име во однос на големината на возилото – Brabus Ultimate Sunseeker Limited Edition One of Ten. Тоа е еден вид подготовка за соопштувањето на цената на автомобилот.

Специјалистот за претворање на Mercedes во Über-Mercedes овојпат го потфати долниот крај од моделската понуда. Во чест на отворањето на заедничкиот салон со производителот на јахти Sunseeker во Диселдорф, Brabus ќе произведе ексклузивна серија на база на Smart Fortwo Cabrio. Тјунираното градско мини се води како Brabus Ultimate Sunseeker Limited Edition и ќе се изработи во само десет примероци.

Инспирација се јахтите на прочуениот британски производител. Каросеријата е лакирана металик сино, со сребрени детали на коишто пишува Sunseeker. Додаден е посебен каросериски кит, за да се направи простор за бандажите од 18 инчи. Китот секако дека е изработен од карбон. Во кабината се користи најквалитетна кожа, во боја на слонова коска. Подот во кабината и во багажникот се обложени со тиково дрво.

Моторот е трицилиндарски турбо, со зафатнина од 0,9 литри и моќност од 125 КС. Крајната брзина на мини-тркачот е ограничена на 175 km/h.

Цената за примерок од ексклузивната серија е 59.500 евра, нарачката може да се направи во било која од 46-те филијали на Sunkseeker.

[FAG id=29595]


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

166
22 shares, 166 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *