за

Brabus ќе ја произведува најскапата верзија на класата S за Mercedes

Врвната моделска изведба Pullman на знаменосецот на Mercedes, како замена за неуспешниот Maybach, ќе се произведува во специјализираната тјунерска работилница Brabus.

Во декември следната година во култната тјунерска работилница Brabus ќе започне производството на екстрадолгата верзија на класата S, со традиционалното име Pullman. Лимузината долга преку шест метри е наследник на несреќниот Maybach. Откако неговото производство беше прекинато во 2012 година, шефот Дитер Цече најави дека ќе ја врати марката Mercedes во најпрестижната автомобилска класа.

Суперлуксузната варијанта на класата S ќе се произведува во мала серија и ќе биде значително поскапа и поголема од Rolls-Royce. Во блиндирана изведба, Pullman ќе чини околу еден милион евра. Brabus е специјализиран за тјунирање и ексклузивна доработка на моделите на Mercedes. Таму веќе се произведува Smart Brabus. Во фабриката во Зинделфинген, каде што класата Ѕ се произведува во верзии со три различни меѓуоскини растојанија, едноставно нема доволно капацитет за предолгата лимузина со дванаесетцилиндарски мотор и со безброј можности за индивидуализација на возилото според желбите на купувачите.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тестовите предупредуваат: Евтините гуми се опасни по живот

Трицилиндарецот на Ford третпат е избран за мотор на годината