за

Brabham BT62 е новиот болид за приватни забави по тркачките патеки

Brabham BT62 premiera

Brabham BT62 е најновиот автомобил со легендарната ознака BT, којашто Џек Бребем и Рон Торенак ја користеа за првпат на своите тркачки автомобили во 1960-те години. Со вакво педигре, BT62 е тркачки автомобил со чистокрвно педигре, рамо до рамо со McLaren P1 GTR.

Автомобилот засега смее да вози само по тркачка патека, но се препознава потенцијалот за изведување на „патничка“ верзија. Ист беше случајот со P1, којшто првично требаше да ги гори гумите само по тркачкиот асфалт, но повеќе од половина од сопствениците побараа од Вокинг да го преработи возилото во цивилна варијанта.

Атмосферски осумцилиндарец со 710 КС и тежина од 972 килограми

Моќта доаѓа од 5,4 литарски V8, без турбонатполнење, којшто се „соочува“ со тежина од само 972 килограми. Секако дека спектакуларно ниската тежина е постигната со обемна примена на карбон. За автомобилот да не се претвори во проектил, воздушните струи произведуваат притисок до 1.200 килограми врз каросеријата.

Горд сум на тоа што го продолжувам наследството од мојот татко, претставувајќи го следното поглавје во историјата на Brabham Дејвид Бребем

 

BT62 е тркачки автомобил што е наменет за новата генерација ентузијасти, коишто можат да си ја дозволат астрономската цена, но не сакаат автомобилот да го чуваат во климатизирани гаражи. Brabham e замислен да го понуди ултимативното возачко доживување. „Новата“ марка организира и посебна возачка обука за сопствениците на автомобилот, слично како што практикува McLaren.

Првите 35 примероци во знак на 35-те победи во Формула 1

Целата серија од Brabham BT62 ќе се сведе на само 70 примероци, секој со цена од еден милион фунти, без даноци. Првите 35 примероци се во знак на бројот на победи што тимот ги постигна во своето тридецениското владеење во формула 1. Испораката ќе стартува веќе годинава.

Автомобилот на премиерата беше во зелената и златната боја на BT19 со когошто Џек Бребем победи на големата награда на Франција во 1966 година. Тој станува прв возач кој победува во шампионатот со возило од сопствена конструкција – и единствен до денес.

Дејвид Бребем ја наследи традицијата од својот татко и на тркачките патеки, како повеќекратен победник на Леман. Оттаму е нормално што Дејвид планира марката да се врати на тркачките патеки, вклучувајќи го и 24 часа Леман.

Brabham BT62 во кратки црти

[tie_list type=”checklist”]

  • Автомобил со централно вграден мотор, со погон и менувач назад
  • Во комбинација со тежината од 972 килограми се постигнува сооднос од 730 КС по тон
  • Моторот е 5,4-литарски V8 со 710 КС и 667 Nm
  • Каросеријата создава максимален потисок од преку 1.200 килограми
  • Сите сопирачки дискови се од карбон, со по 6 клипови (Brabham прв користеше карбонски сопирачки во Ф1)
  • Michelin ги испорачува слик-гумите, како стратешки и технички партнер
  • Серијата ќе се изработи во 70 примероци, во знак на јубилејот од првата трка на Џек Бребем во Австралија, во 1948 година
  • Првите 35 примероци ќе бидат изработени во детали коишто ќе асоцираат на 35-те победи во Ф1
  • Производството ќе се одвива во Аделаида, Јужна Австралија, во погони со површина од 15.000 метри квадратни

[/tie_list]

[FAG id=32120]

 

Првиот автомобил на Brabham брои две недели до премиерата

McLaren P1 GTR за најексклузивниот клуб на возачи во светот

Aston Martin Valkyrie: Проектил со дозвола за ниско летање

Mercedes-AMG Project One ќе биде формула 1 за на улица

Нова тркачка дисциплина: 0-400-0 km/h и рекордерот Koenigsegg Agera RS

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

bmw 6 gran turismo

BMW 6 Gran Turismo добива четирицилиндарски дизел

Kia Niro EV

Kia ja претстави електричнaта изведба на кросоверот Niro