за

Brabham BT62: Уште еден Ф1-болид доби дозвола за улица

BRABHAM BT62 ulicna verzija

Последниот од серијата хиперспортски автомобили, но меѓу првите според тркачкото педигре, наскоро ќе може да се вози и по обичен пат, место само на тркачка патека. Филмовите од научната фантастика немале погрешна визија

Големите производители на автомобили можат да учат од примерот на Brabham. Од сличниот пример на McLaren пред неколку години, исто така. Австралискиот производител на тркачки автомобили Brabham излезе во пресрет на бројните барања на сопствениците на BT62 и во иднина ќе го нуди овој монструм од тркачката патека и во верзија што е дозволена за возење во редовен сообраќај. Сé по своја цена.

Сопствениците образложуваат дека им е неопходна оваа можност, за со својот автомобил со перформанси на Формула 1 да можат спокојно да отпатуваат од домот до тркачката патека. Производителите обично им веруваат на своите клиенти и ги удостојуваат соодветно.

New item by Automedia MK / Google Photos

Китот за преправка на Brabham BT62 од ГТ-тркачки болид во патнички автомобил опфаќа процедура за хомологација на возилото, односно проверка дали возилото ги исполнува стандардите, но има и технички зафати: Зголемување на растојанието од подлогата, додавање клима уред, вградување брави во вратите и имобилизатор, како и обложување на кабината и седиштата со покомотни материјали. Најинтересна е секако цената на овој комплет: 150.000 фунти, дополнително на цената на автомобилот.

Неколкуте килограми плус во тежината нема да се почувствуваат, покрај 700-те КС на моторот. Преправките за возилата во Европа ќе се вршат во седиштето на Brabham во Велика Британија. Испораките на првите примероци од BT62 со извршените преправки ќе стартуваат налето.

Еден и единствен: Сер Џек Бребем има освоено Ф1-шампионат со сопствена конструкција на болид во 1966 година; Мала е шансата тоа да се повтори во историјата на Ф1

Brabham Automotive е австралиски производител на автомобили, именувана според славниот констурктор и трикратен Ф1-шампион Џек Бребем. Од BT62 ќе се изработат само 70 примероци, што говори за ексклузивноста на возилата и на марката. Со компанијата управува Дејвид Бребем, син на Сер Џек Бребем и повеќекратен победник на Леман.

Brabham BT62 е новиот болид за приватни забави по тркачките патеки

Првиот автомобил на Brabham брои две недели до премиерата

Тркачка патека за помалку агресија по улиците

Сопствениците на McLaren P1 GTR немаат со кого да се натпреваруваат

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

автомобилски новитети 2019 година

Ова се најважните автомобилски новитети во 2019 година

Volvo продажба рекорд 600к

Volvo со рекордна година и првпат над 600.000 возила