за

Големи компании во Германија организираат бесплатен јавен превоз при загаденост

bosch organizacija besplaten prevoz zagadenost 2
bosch organizacija besplaten prevoz zagadenost 2

Повеќе од 50.000 вработени во Bosch можат при прекумерна загаденост на воздухот да ја користат работната картичка како билет за бесплатен јавен превоз. Големиот добавувач на автомобилската индустрија на тој начин придонесува за намалување на загаденоста на воздухот.

Од средината на октомври, вработените во Bosch повторно ќе можат да патуваат бесплатно со јавниот превоз во деновите со прекумерна загаденост на воздухот, користејќи ја работната картичка како билет. Компанијата на тој начин ги поттикнува своите вработени да користат „алтернативен превоз“, а во одредени случаи им овозможува на вработените да останат дома и оттаму да ги извршуваат обврските – без потреба да патуваат.

Како еден од најголемите работодавци во регионот, Bosch придонесува за намалување на сообраќајниот обем и за подобрување на квалитетот на воздух во поширокиот регион на Штутгарт. Само педесетте илјади вработени во фабриките на компанијата во тоа подрачје, дневно минуваат заедно до 1,6 милион километри.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Компанијата ги надоместува трошоците за бесплатниот превоз на своите вработени кај јавните транспортни претпријатија. Лани околу 40% од вработените ја користеле можноста за бесплатен превоз барем еднаш, во периодот меѓу 15-ти октомври и 15-ти април, односно во таканаречената сезона на ПМ-честички.

12.000 вработени имаат земено велосипед под наем

Bosch им нуди на своите вработени и можност за наем на велосипеди или електрични велосипеди под мошне поволни услови. Во последните 18 месеци, повеќе од 12.000 вработени на целата територија на Германија потпишале договор за користење на велосипедите под наем. Во секој погон и фабрика на Bosch се организирани простори за паркирање на велосипедите, како и соблекувални и тушеви.

Уште еден избор за вработените на Bosch е платформата за користење заеднички превоз, воведена лани. Посебно изработена мобилна апликација овозможува повеќе лица да се организираат и да патуваат заедно и со заеднички трошок до работното место – односно до Bosch. Во Штутгарт за оваа опција се решиле 6.000 вработени, на коишто единствен избор им е да патуваат со автомобил до работа.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во Истанбул и Шангај, а секако и во Штугарт, организиран е сопствен превоз со минибуси. Од следната година, оваа можност ќе се понуди и за вработените во фабриките во Абштат и Ројтлинген.

Вработените во Bosch можат да останат и дома или на локација во близина, користејќи таканаречени Bosch Coworking платформи за извршување на своите работни обврски.

Зошто и зимава ќе дишеме автомобилски издув?

Топ 10 Најголеми заблуди околу аерозагаденоста во Македонија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

londo taxi tx elektricno septemvri

Електричното London Taxi надмина 3.000 продадени примероци

digitalen kluc za avtomobil telefon

Мобилниот телефон ќе го замени клучот за возилото