за

Bosch нуди изнајмување електрични комбиња во хоби-маркети

bosch iznajmuvanje elektro transporteri germanija

Новиот тренд во мобилноста е возило што го користат повеќемина, кога е потребно. Bosch ќе тестира какво е расположението на пазарот за електрични комбиња што се изнајмуваат на еден или неколку часови

Можноста да изнајмат возило преку мобилна апликација само во Германија ја користат два милиона претплатници на услугите за таканаречен car-sharing, односно заедничко користење возило. Bosch сака да се приклучи во овој бизнис. Електрични комбиња ќе им стојат на располагање на купувачите во хоби-маркетите „toom“, кои со 330 подружници сочинуваат една од најголемите мрежи од овој вид во Германија.

Од декември, купувачите во подружниците на toom во пет германски градови (Берлин, Франкфурт, Лајпцих, Тројсдорф и Фрајбург) ќе можат преку мобилна апликација да изнајмат електричен транспортер, директно и на лице место. Bosch веќе има искуство во изнајмувањето електрични возила, на пример преку компанијата Coup, којашто моментно изнајмува 3.500 електрични скутери во Берлин, Париз и Мадрид.

streetscooter vo vozenje
Дојче Пост веќе располага со илјадници електрични комбиња за превоз на пратки – од сопствено производство

Пријатно изненадување е фактот што секое десетто возило за заедничко користење во Германија користи електричен погон. Кај Bosch, 100% од возниот парк е на струја. На петте локации на toom веќе се поставени полначи за струја. Возилата се популарните StreetScooter, развиени и произведувани од самата Германска Пошта. Погонските компоненти ги испорачува Bosch.

Зависно од интересот што ќе го покаже пазарот, Bosch планира услугата за изнајмување на електрични комбира преку мобилна аплиакција да ја понуди и во останатите подружници на toom, како и во продавниците за мебел, во супермаркетите и во продавниците за електрика.

До 2025 година во светот ќе има 36 милиони корисници на „заеднички возен парк“

Renault Ikea Carsharing
Renault оствари соработка со Ikea: Купувачите во Франција можат да изнајмат електрично комбе
До 2025 година, бројот на корисници на „car-sharing“ во светот ќе достигне 36 милиони. Услугата најмногу се користи во големите градови, кадешто жителите можат да го изнајмат возилото директно на улица и веднаш да појдат кон одредиштето, без посредници и чекање. Честопати се јавува проблем, поради тоа што возилата не нудат доволно простор за товар или не поседуваат доволна носивост. Bosch нуди решение за тоа, со последниов проект.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

skoda spaceback silueta skoda vision rs

Skoda Vision RS станува сериски модел уште годинава

Peugeot 504 Coupe

Кој е тој славен Peugeot 504 Coupe за кого зборува цел Париз?