за

Вака изгледаат „градските автобуси“ на иднината

Bosch konceptno vozilo CES 19

Некои градови ќе ја прескокнат фазата на метро или трамвај и директно ќе преминат во градскиот превоз на иднината, со шатл-возила кои се повикуваат преку телефон и се движат автономно и електрично

Ова чудно возило изгледа како да го креирале архитекти, како да е објект на тркала. Но, колку и да изгледа необично, тоа е еден нов вид на возила, којшто во иднина ќе биде масовно застапен во градовите и ќе нуди нов вид на мобилност. Станува збор за автономни возила, односно возила без шофер, кои се повикуваат по потреба, кои се движат безжумно и чисто со електричниот погон, и комплетно се вмрежени со средината околу нив.

Bosch во јануари ќе прикаже концепт на таканаречените шатл-возила на ЦЕС, на саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас. Индустрискиот гигант ќе испорачува компоненти и системи за автоматското возење, за вмрежувањето и за самиот електричен погон. Кај „шатлите“ ќе бидат важни и услугите за мобилност, кои Bosch исто така планира да ги нуди во иднина.

Bosch развива единствен систем од софтвер, хардвер и услуги за мобилност

Преку овие услуги ќе се повика и резервира возилото, ќе се наоѓаат други намерници за да се патува заедно и трошоците да се поделат, ќе се врши поврзување со најразлични платформи, ќе се наоѓа слободен паркинг и ќе се плаќа паркирањето, ќе се наоѓаат слободни полначи за струја, ќе се договара сервисирање на возилото … и малку класика, ќе се пушта музика или филм додека трае возењето.

Bosch konceptno vozilo CES 19 2am#

Во Европа, САД и Кина, во 2020 година ќе стојат на располгање околу еден милион шатл-возила. Нивниот број ќе се зголеми на 2,5 милиони до 2025 година

Шатл-возилата ќе се резервираат преку телефон, без разлика дали од домашната фотелја или од канцеларија. Најважен во целиот систем е алгоритмот, кој пресметува кое возило ќе пристигне најбрзо до бараното место, со патници кои патуваат блиску до саканото одредиште на корисникот. Новиот вид транспорт ќе го смали сообраќајот во метрополите, а со тоа ќе се намали и оптоварувањето на животната средина.

What If? See the Future of Vehicle Technology at CES 2019

Take the latest vehicle technology for a test drive at CES 2019, and find answers to all the questions you can imagine about the future of vehicle technology. https://bit.ly/2pdjvrU

Posted by CES on Friday, December 7, 2018

Кога шатлот ќе пристигне до корисникот, тој се идентификува преку телефонот, вратите му се отвораат и тој може да седне на своето место, коешто си го резервирал претходно. Грижата околу наполнетоста на батериите и приклучувањето на полнач е задача на вештачката интелигенција. Тоа значи дека не може да се случи возилото одеднаш да почне да бара полнач, додека е полно со патници.

Врвен комфор при патувањето, со многу простор, дисплеј за секој патник и пристап на интернет

Во концептниот автомобил на Bosch – гигантот има практика да не ги именува своите концептни возила – можат да се превезуваат четири патници. Простор има во изобилство, а за занимацијата се грижат посебни дисплеи за секој патник. Секако дека и телефоните се поврзани на интернет, преку рутерот во возилото. Патниците можат да го користат и асистентот, кој резервира, прикажува временска прогноза, на туристите им дава препорачки за ресторан или ги информира за локалните знаменитости. Плаќањето за услугата е по електронски пат, со посебен систем што Bosch исто така го има изработено.

Bosch konceptno vozilo CES 19 3am#

Камерите во кабината препознаваат ако патникот го заборави телефонот или паричникот во возилото, а се следи и чистотата на кабината, така што шатлот по завршената тура ќе се упати во сервис и во меѓувреме ќе биде заменет со друг. Истото важи и во случај на дефект, иако поради електричниот погон е значително смалена шансата за тоа.

Ford вложува 4 милијарди долари во автономни возила

Како полицијата ќе ги запира роботските автомобили?

Volvo сака роботските автомобили да ги заменат авионите

Самовозечки минибуси за студентите во Франкфурт

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

uze mobility street scooter fb

Германската пошта ќе произведува електро-комбиња и за други фирми

Nissan Patrol 35 godini

Patrol беше првиот Nissan од Европа пред 35 години