за

Bosch бесплатно ги заменува користените делови за новите да бидат подобри

Од старите се учи: Bosch бесплатно ги заменува старите делови и ги користи за анализа

Германскиот гигант смисли нов пристап за развој на нови производи. Bosch бесплатно заменува исправни користени делови во автомобили, коишто потоа одат на анализа кај техничарите.

На сопствениците на стари автомобили може да им се посреќи и по посетата на сервисна работилница да заминат со бесплатна замена на некој витален дел од нивниот автомобил. Тоа е дал од новиот пристап на Bosch во развојот на нови производи. Според Клаус Зекот, раководител на проектот, нивните производи „треба да функционираат во целиот век на експлоатација на возилото под сите реални оптоварувања“. Во насока на исполнување на таа цел, Bosch во 2013 година ја активираше иницијативата „Активно следење на реалните услови“, во чиишто рамки техничките експерти на фирмата добиваат користени, но функцонални автоделови, заради анализа и надополнување на стекнатите сознанија.

Техничарите на Bosch ги нарачуваат старите делови од избраните сервиси

Посебноста на акцијата се состои во тоа што Bosch добива исправни делови, најчесто од постари возила, место дефектни делови што се заменети во гаранцискиот период. За експертите се особено важни сознанијата што ги добиваат по повеќегодишна експлоатација на деловите во возилата, во разни климатски услови и во разни услови на возење. Техничарите на Bosch сами ги одредуваат пазарите, возилата и моторите од коишто ги „бараат“ деловите, раководејќи се според староста, километражата и земјата од којашто потекнуваат возилата. Зекот додава: „Овие користени автоделови ни се особено важни, на пример, заради исполнување на растечките барања за гарантниот период“. Секако дека и сопствениците на возилата се задоволни, со бесплатната замена на некои од деловите што експертите на Bosch ги „побарале“ од возилата.

Бесплатна замена во согласност со сопственикот на возилото

Софтверот развиен од Bosch управува со целиот процес, од нарачката до испораката. Техничарот на Bosch одредува компоненти и возила, интерактивно избирајќи од глобалната карта. Софтверот потоа испраќа информации до сервисните работилници што учествуваат во акцијата и проверува дали во нивната база на клиенти се наоѓа соодветно возило. Доколку сопственикот на возилото се согласи, сервисната работилница бесплатно го заменува саканиот дел и го испраќа назад до Bosch, заедно со релевантните електронски податоци за возилото. Во овие податоци спаѓаат на пример километражата, староста, бројот на стартувања или актуелната меморија на грешки, како и опремата на возилото.

Уште во првата година по стартот на иницијативата, Bosch побарал 550 делови за анализа. Стекнатите сознанија потоа се користат при развојот на новите производи. Неколку производители на возила исто така покажаа интерес за оваа иницијатива на Bosch и ја „копираа“ идејата во сопствените сервисни работилници, кадешто за анализа може да се „замени“ кој било стар дел од возилото. Поради тоа, софтверот на Bosch им стои на располагање и на сите автопроизводители и добавувачи.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Заварувањето е минато: Лепењето е новото „заварување“

SecuTablet: Blackberry ќе претстави сигурен таблет за државни службеници