за ,

Bosch се подготвува за иднината на електричните автомобили

Гигантскиот добавувач на автоиндустријата Bosch купи калифорниска старт-ап компанија чиишто батерии овозможуваат значително зголемување на досегот на електричните автомобили.

Bosch е новиот сопственик на американскиот производител на батерии Seeo. Оваа старт-ап компанија од Калифорнија развива батерии што меѓу другото може да најдат примена и во електричните автомобили.  Главниот недостаток на автомобилите со погон на струја во споредба со возилата со конвенционален погон е малиот досег. Енергетската густина на батериите од Seeo ја надминува конкуренцијата за 50 до 100 проценти, со што драстично би се зголемил досегот на електричните автомобили. Литиум-полимер батериите на Seeo имаат енеретска густина од 350 ватчасови по килограм, што е двапати повеќе отколку кај батериите во денешните автомобили на струја.

Покрај поголемиот капацитет, батериите на Seeo се полесни и побезбедни

Според производителот, други предности на батериите DryLyte се пониската тежина, како и повисоката безбедност, затоа што полимер-електролитските ќелии не се запаливи толку лесно како обичните литиум-јонски батерии.

Пазарните аналитичари наведуваат дека калифорнискиот производител е пред преоѓање од технологија на катоди од литиум-железен фосфат на катоди од никел-кобалт-алуминиум. Со тоа уште повеќе ќе се зголеми предноста пред конкуренцијата. Техниката сепак нема достигнато стадиум за пуштање во продажба, за што се неопходни нови инвеститори и време. Seeo во моментов е во потрага по партнер за соработка, заради зголемување на производствените капацитети.

Финансиските детали од преземањето на калифорниската фирма од страна на германскиот Bosch уште не се познати.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes GLC Coupe пристига следната пролет како конкурент на BMW X4

BMW на салонот во Франкфурт: Нова серија 7, нов X1, фејслифт на серија 3