Нови моделиСалони

Borgward ќе претстави уште еден теренец во Женева

Некогаш славната германска марка Borgward дефинитивно се враќа на сцената. Големиот теренец BX7 штотуку стартува со пробно производство во Кина, а за салонот во Женева веќе се најавува и вториот модел на марката.

Старо-новата германска марка Borgward лани предизвика огромно внимание кај посетителите на салонот во Женева со претставувањето на спортскиот теренец од средна класа BX7. Марката којашто во 1960-те години се вбројуваше меѓу најголемите иноватори во браншата, со тоа и дефинитивно го потврди враќањето во голем стил на автомобилската сцена. На годинешното издание на салонот од 3-ти до 13-ти март, Borgward ќе одржи светска премиера и на вториот модел во својата понуда, на компактниот теренец BX5.

Водечкиот европски магазин Auto Bild во изданието што денес излезе од печат веќе ги објави првите фотографии и детали од новиот модел на Borgward. Продажбата на BX5 на главните европски пазари ќе стартува в година, во верзија со преден или со погон на сите тркала, но и со еден важен „детал“. BX5 ќе се продава во Европа само во верзија со електричен погон или како плагин-хибрид. Според уредникот Кристијан Штајгер, „ограничувањето на електричен или хибриден погон за европскиот пазар е мудар потег.“ На тој начин, моделот од германската марка со кинеска финансиска поддршка ќе се издвојува во понудата во сегментот.

Дизајнот на предниот дел го следи стилот на големиот брат BX7, додека опашот внесува малку подинамична нота. Во фабриката на Borgward во Кина во моментов стартува производството на нултата серија од BX7, за првите испораки на моделот на кинескиот пазар да започнат веќе во текот на летово. Од следната година, BX7 исто така ќе се нуди на поголемите европски пазари. Штајгер оценува: „Неизвесно е дали Borgward е доволно атрактивен со своето мото ‘Accessible Premium’  (достапен луксуз), за да успее да го врати некогашниот успех.“

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729