за

На овој BMW Z4 само небото му е граница

BMW Z4

Симнувањето на горниот дел е проверена рецепта за успех и кај автомобилите. BMW Z4 сепак има и суштински квалитети, тука се ужива во возењето во неговата форма што е најблиску до природата

Платнен покрив доаѓа на местото на металниот преклоплив покрив во родстерот на BMW. По двегодишна пауза, BMW Z4 се враќа во понудата на баварците и ќе го има своето прво појавување пред публиката на салонот во Париз (2-ри до 14-ти октомври). На љубителите на најчистата автомобилска форма сепак не им е потребен комплициран и скап метален покрив. Нив им е поважно покривот воопшто да не постои. Затоа, сосем е доволен и платнен покрив.

BMW Z4 1

Новата генерација на BMW Z4 е подолга од претходникот за 8,5 сантиметри и мери вкупно 4,32 метри во должина. Фановите на марката ќе знаат добро да протолкуваат што им носи скусеното меѓуоскино растојание – поголема управливост во свијоци. На тоа се надоврзува поширока трага на оските и идеална тежинска распределба во сооднос 50:50.

Не е потребна посебна експертиза да се погоди дека ќе следува и Z4M

Основата на понудата од погонски единици ја сочинуваат два четирицилиндарци: Послабата верзија на турбо-дволитарецот постигнува 197 КС, посилната досега до 258 КС. Врвот во гамата, во најдобрата традиција на BMW и во најдобриот дух на родстерите, му припаѓа на линискиот шестцилиндарец од три литри, со 340 КС. Со овој мотор, спринтот до темпо сто успева за 4,5 секунди. „Послабите“ мотори спринтуваат за помалку од шест, односно седум секунди.

BMW Z4 7

Седиштата се специјална изведба за BMW Z4, со интегриран потпирач за глава. BMW Z4 sDrive30i стандардно се испорачува со кожен ентериер, додека BMW Z4 M40i разгалува со комбинација од кожа и алкантара. Ветерната брана зад седиштата се испорачува со доплата, а нејзиното место е меѓу двата фиксни лакови за заштита при превртување.

Малку екстра функционалност не е на одмет, BMW Z4 сепак е родстер за уживатели-талкачи

Големи џебови во вратите, преграда зад седиштата и држачи за чаша под потпирачот за рака се грижат за малку повеќе функционалност во родстерското секојневие, коешто не е сосем вообичаено кај оваа „најчиста“ автомобилска форма. Зафатнината на багажникот не се менува по спуштањето на покривот и изнесува 281 литри. Тоа е за половина повеќе отколку кај претходникот.

Поважно за ангажираните возачи е тоа што стандардно следува и варијабилно спортско управување, со променлива поддршка, но и со променлив преносен однос. За повеќе од тоа, може да се доплати за приспособливо спорско подвозје од M GmbH, спортски сопирачки и регулиран спортски диференцијал. Последново, заедно со специјални гуми, следува како стандард кај Z4 M40i. Опционално се нуди и проекциски дисплеј, помош при паркирање и дигитални инструменти, со два дисплеја од по 10,25 инчи.

Испораките на BMW Z4 стартуваат во март.

[FAG id=35113]

Хибридниот BMW X5 вози 80 километри на струја

Ортопед му препишал на германски политичар да се вози во BMW серија 7

Споредбен тест меѓу Audi A6, BMW серија 5 и Volvo S90 на АУТО БИЛД

BMW Z4 премиерно прикажан во калифорнискиот Пебл Бич

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi e-tron

Audi e-tron: Електричен СУВ во напаѓачки модус

Renault EZ-Pro

Renault EZ-Pro е подвижен дуќан, пошта, сервис, иднина