149
22 shares, 149 points

Новиот BMW Z4 доживува премиера на истото место кадешто пред една година беше прикажана концептната верзија на родстерот, на Пебл Бич во Калифорнија

Премиера под калифорниското сонце е како еден вид благослов за автомобил во когошто голем дел од уживањето во возење доаѓа директно озгора. BMW Z4 го започнува своето светско возење во Пебл Бич, местото на коешто за неколку денови ќе се соберат олдтајмери вредни десетици милиони долари. Автомобилската недела во Монтереј е во тек, BMW Z4 е дел од неа.

Баварците зборуваат за динамични пропорции, емотивен дизајн и фасцинантна спортска нота. И секако дека се во право за сé, затоа што родстерите се суштинската форма на автомобилското уживање. Тука никој не бара голем багажник, седење повисоко од сите други, поврзување на интернет или автопилот. Доволни се две седишта, погон назад, лесна конструкција, способен мотор – и сознание дека некаде назад има склопено покрив што ќе заштити од дожд.

BMW Z4 roadster premiera 5

BMW Z4 се појавува во своето најпретставително издание во Пебл Бич, како Z4 M40i First Edition. Специјалната „воведна“ серија ќе се изработи во ограничен број примероци, сите со лакирниот специјалитет што баварците го нарекуваат Frozen Orange. Како член на M Performance семејството на BMW, топ-изведбата на новиот Z4 располага со неколку технички детали што внесуваат уште поголем темперамент во возните својства.

BMW Z4 не е нова појава во Пебл Бич. Лани на истото место дебитираше концептната изведба на родстерот, кој сега се појавува како сериски автомобил

Новиот BMW Z4 е изработен во најдобрата традиција на баварците со оваа каросериска форма, којашто во марката датира уште од славниот BMW 328 од доцните 1930-ти. Фановите на возењето без покрив препознаваат дека возачкото седиште е блиску до задната оска и дека трагата на обете оски е најширока што може да биде. Заедно со компактните димензии, тежинската распределба 50:50 и релативно кусото меѓуоскино растојание, тоа гарантира врвна управливост и уживање во возењето.

BMW Z4 roadster premiera 9

Заслуга имаат и линискиот шестцилиндарец до 340 КС, електронската контрола на амортизерите, спортските сопирачки од M Performance и електронски регулираниот спортски диференцијал на задната оска. Спринтот до сто трае само 4,6 секунди. Минхен не открива други технички детали околу новиот родстер – кој инаку претставува и техничка основа за новата Toyota Supra. Со „смрзнатата портокалова“ боја на првата серија од Z4 следува платнен покрив во антрацит боја со сребрен ефект. Бандажите со од 19 инчи со двојни краци исто така потекнуваат од M Performance и се изведени во две бои.

BMW Z4 roadster premiera 1

Внатрешноста е обложена со црна кожа, со украсни штепови, седиштата располагаат со електрично местење, со доплата се нуди амбиентално осветлување или озвучување Harman Kardon. Од останатите технички гордости на BMW може да се изберат и диодни светла со матрична функција за долгото светло или проекциски дисплеј. Поврзување на интернет, исто така.
Сите детали околу новиот родстер ќе бидат познати во средината на септември, непосредно пред салонот во Париз. Испораките ќе стартуваат напролет.

BMW Z4

Flickr Album Gallery Powered By: Weblizar

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

149
22 shares, 149 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743