141
22 shares, 141 points

Баварската марка ќе стартува со продажба на четвртата генерација на BMW X5 во ноември. Големиот теренец доби за 4,2 сантиметри подолго меѓуоскино растојание, каросеријата порасна во должина за 3,6 сантиметри. Најголем плус има во ширината, за дури 6,6 сантиметри. Багажникот нуди простор со зафатнина меѓу 645 и 1.860 литри.

Највпечатлив белег се големите „бубрези“ на BMW, коишто се поставени во едноделна рамка. Диодните предни светла следуваат како стандардна опрема. Кај бандажите сега може да се избира до пречник од 22 инчи.

Инструментите и контролниот дисплеј добија нов изглед. Со доплата се добиваат мултиконтурни седишта, држачи за чаша со греење и ладење, панорамски стаклен покрив, динамично осветлување на кабината, инфо-забавен центар назад со дисплеи од по 10 инчи и финиш во стакло за некои прекинувачи.

На располагање ќе стои и трет ред седишта, заедно со прекривка на багажиот простор којашто со помош на електромотор се вовлекува во подот. Задниот капак и натаму е дводелен. Со опционалниот пакет за комфорен пристап, двата дела се отвораат и затвораат без користење копче. Во случај возилото да поседува пневматска амортизација на двете оски, опашот може да се спушти за полесно товарање.

Продажбата стартува со понуда од три линиски шестцилиндарци, сите во комбинација со осумстепен автоматик Steptronic. Единствениот бензинец при стартот е X5 xDrive 40i, со 340 КС и 450 њутнметри. Основниот дизел е xDrive30d со 265 КС, над него следи M50d со 400 КС и 760 њутнметри. Надвор од Европа, новиот BMW X5 е достапен и во верзија со бензински V8 со 462 КС.

BMW X5 4-ta generacija 5

Првпат во модел од X-семејството на BMW се нуди пакет за терен. Со него следува уште едно копче за избирање меѓу четири модуси за возење: Песок, карпа, макадам и снег. Секој модус соодветно ја приспособува висината на каросеријата, работата на погонот xDrive, чувствителноста на педалот за гас, контролата на менувачот и контролата на стабилноста.

Системите за асистенција во меѓувреме преземаат се повеќе функции и ги надградуваат постоечките. При автоматско паркирање, освен што соодветно го врти воланот, вештачката интелигенција ја презема и работата со педалите за гас и сопирање. Новитет е системот за итен случај, кој самостојно го насочува возилото кон помошната лента во случај на потреба од итна медицинска интервенција врз возачот. Постои и систем за помош при излегување во рикверц, којшто автоматски ги повторува сите постапки коишто возачот ги презел при паркирањето, но по обратен редослед.

BMW X5 4-ta generacija 7

Како премиера во BMW X5 пристига сопствениот оперативен систем 7.0, со можност за приспособување на прикажувањето на информациите според потребите и желбите на возачот. Стандардно се испорачува „Live Cockpit Professional“, со дигитални инструменти и контролен дисплеј со пречник од по 12,3 инчи. За ракување со функциите може да се користат копчињата на воланот, веќе традиционалниот iDrive, сензорското поле, како и говорни команди и гестикулација. Напредуваше и проекцискиот дисплеј, чијашто површина сега покрива 7 х 3,5 инчи, со соодветно подобрен приказ на информациите.

Новиот BMW X5 е воедно и првиот модел на баварската марка, којашто преку дигитален клуч овозможува возилото да се отклучи и моторот да стартува само преку мобилниот телефон.

Во ценовникот за германскиот пазар, BMW X5 xDrive 40i чини 70.700 евра, xDrive 30d е незначително поевтин со 69.200 евра, додека врвот засега му припаѓа на M50d, со цена од 92.900 евра.

Неколку ставки од германскиот ценовник за дополнителна опрема:

Бандажи 22” BMW Individual со гуми 275/35 напред и 315/30 назад: 4.700 евра
Кожен ентериер BMW Individual: 2.900 евра
Дрвени украсни панели во кокпит, клавирски лак: 450 евра
Рачно изработени стаклени копчиња во кокпит: 650 евра
Меко затворање на вратите: 640 евра
Клуч со дисплеј: 290 евра
Пакет за терен xOffroad: 2.950 евра
Управување на четири тркала: 1.250 евра
Пневматска амортизација: 2.100 евра
Систем за ноќно гледање: 2.100 евра
Ласерски светла: 2.000 евра

BMW X5

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

141
22 shares, 141 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743